Едноставен совет кој ќе ви го олесни сонот: Сѐ што ви треба е лимон и малку сол

Фото: Pexels
117

Истражувањата покажуваат дека ставањето на исечени лимони покрај креветот помага за природно прочистување на дишните патишта, го подобрува квалитетот на воздухот и обезбедува подобар сон.

Лимонот ги стимулира физиолошките реакции во организмот. Богат е со витамини А, Б и Ц, како и

со бакар, манган, калциум, калиум, магнезиум и антиоксиданти. Лимонот е исто така од корист и за

кожата и за внатрешните органи.

Ги прочистува дишните патишта, го подобрува квалитетот на воздухот…

Истражувањата покажуваат дека ставањето на исечени лимони покрај креветот помага за

природно прочистување на дишните патишта, го подобрува квалитетот на воздухот и обезбедува

подобар сон.

Детоксикациските и антибактериските својства на лимонот природно го прочистуваат воздухот, го

смируваат нервниот систем и го намалуваат стресот. Мирисот на лимон може да ја намали болката,

да ја регулира циркулацијата и да го намали крвниот притисок. Ставете исечен лимон до креветот и

уживајте во благодетите.

Ги одбива комарците и ги опушта нервите

Подготовката на лимони за ноќната масичка е едноставна: потребни ви се само неколку парчиња

лимон и малку сол. Исечете го лимонот на тенки парчиња и посипете со сол. Потоа до креветот

пред спиење се става чинијата со лимонот. Лимонот ослободува силни есенцијални масла кои

можат позитивно да влијаат на нашето тело и расположение. Мирисот на лимон може да ги смири

нервите и да го подобри квалитетот на сонот, намалувајќи ги хормоните на стрес во телото.

Исто така, мирисот на лимон може да помогне во ублажување на настинки и респираторни

проблеми. Етеричните масла од лимон имаат антибактериски својства и помагаат во прочистување

на респираторниот тракт. Покрај тоа, лимонот може да послужи како природен лек против

комарци. Нив ги одбива свежиот, кисел мирис на лимонот, кој може да биде корисен во лето за да

се избегнат досадните убоди.