Ем пиете кафе, ем донирате: Во Бифе Тафталиџе смислија како да им помогнат на настраданите во земјотресот

Фото: Фејсбук
1.030

Скопското Бифе Тафталиџе, поточно, нејзиниот сопственик Саша Шотаровски, смислија одличен начин за да ги поттикнат луѓето да дојдат кај нив, да се напијат кафе и наместо да ја платат сметката, да донираат 100 денари со повик на броевите за собирање донации за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија

„Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100 денари. Доаѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме. Биди човек во живо, не на Фејсбук“, пишува на профилот на скопското Бифе Тафталиџе на Фејсбук и на Твитер.

Бифе Тафталиџе, поточно, нејзиниот сопственик Саша Шотаровски, смислија одличен начин за да ги поттикнат луѓето да дојдат кај нив, да се напијат кафе и наместо да ја платат сметката, да донираат 100 денари со повик на броевите за собирање донации за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија.

За хуманиот гест на солидарност кон семејствата на повредените и загинатите жители на Турција и Сирија во катастрофалниот земјотрес, хуманитарците од Бифе Тафталиџе наидоа на многу позитивни коментари од своите следбеници на социјалните мрежи кои, веруваме, ќе дојдат деновиве таму за да се напијат барем едно кафе и да придонесат со својата скромна донација.

Инаку, сопственикот на Бифе Тафталиџе, Саша Шотаровски е едно од оние познати лица во градот со кои се поврзуваат многу култни градски места, од Кристијан, преку Децата од нашата улица во Дебар Маало, се разбира – Галерија 8, Безистен, па сѐ до Бифе Тафталиџе во Карпош 3.

Веројатно ова ќе поттикне и други сопственици на кафулиња да ја поддржат иницијативата на Бифе Тафталиџе. Ние од Арт кујна, дефинитивно, ќе одиме на кафе. Не само од хумани причини, туку и затоа што прават одлично кафе.