Фармите за инсекти сѐ побројни: Научниците тврдат дека бубачките се поодржлив извор на хранливи материи

Фото: Pexels
162

Прехранбената индустрија се врти кон фармите за инсекти, а научниците тврдат дека инсектите претставуваат поодржлив извор на хранливи материи во споредба со традиционалните алтернативи како што се производите од соја или рибиното брашно.

Во април минатата година, во Несле, Франција, беше отворена најголемата фарма за инсекти во светот, високотехнолошки комплекс кој зафаќа 35.000 квадратни метри и годишно ќе произведува 15.000 метрички тони протеини од ларви на муви.

Но, тоа не е единствената фарма на инсекти бидејќи веќе се најавени уште најмалку две фарми за муви кои се планира да се отворат во 2024 и 2025 година. Со други зборови, вистинска трка е да се изгради најголемата фарма за инсекти во светот!

Зад сето тоа, напорите на прехранбената индустрија за намалување на емисиите на стакленички гасови од добиточната храна поттикнаа нова индустрија, поттикната од ризичен капитал, која ветува дека ќе произведува огромни количини на протеини со значително помали емисии на стакленички гасови од традиционалните добавувачи.

Фарма за инсекти
Современите фармерски компании одгледуваат бројни штурци, црви и ларви од муви во внимателно контролирани пластични резервоари за да се обезбеди нивниот брз раст. Со преработка на изметот на инсектите, тие добиваат ѓубриво, а телата ги претвораат во масло богато со протеини и хранливи материи, наменето за домашните миленици, рибите и добитокот.

Дали поради тоа луѓето почесто ќе јадат инсекти?
Покрај тоа, овие неверојатни бубачки се хранат со отпадоци од храна, често донесени од блиските фарми или погони за преработка на храна, што значи дека вложувањето во нив е минимално. За нив се грижат луѓе и роботи со вештачка интелигенција, овозможувајќи им на фабриките да произведуваат протеини континуирано – 24/7.

Иако луѓето консумираат инсекти илјадници години, а милијарди ги консумираат и денес, најновиот тренд во стартапите со инсекти не се фокусираат толку многу на барање на инсектите кој ќе бидат дел од човечката исхрана.

Значи, што се однесува до нашата исхрана, не треба да се грижиме дека прехранбената индустрија наскоро ќе не преплави со производи од многу одбивни инсекти бидејќи овие иновативни потфати се ориентирани речиси исклучиво на пазарот на храна за животни.

Фармите за инсекти се наоѓаат веднаш до редовните фарми кои подоцна ќе ги откупуваат нивните производи.

Целосно одржливи фарми
„Неверојатно е не само како експлодира индустријата, туку и како истражувањето зад неа расте на исто ниво“, вели Џеф Томберлин, професор по ентомологија на Универзитетот Тексас A&M, кој основаше стартап за одгледување муви наречен EVO Conversion Systems.

Стартапите кои се занимаваат со инсекти собраа повеќе од 1 милијарда долари ризичен капитал од 2020 година и сега се борат за доминација на малиот, но растечки пазар на протеини добиени од инсекти.

Со порастот на ваквите капацитети, индустријата за одгледување инсекти потенцијално може да има исклучително позитивно влијание врз животната средина, под услов да следи практики како што се хранење на инсектите со отпад од храна и изградба на објекти во близина на постоечките фарми за преработка на храна за да се направи целиот процес целосно одржлив .