Генијална идеја – празните деловни згради се користат за одгледување храна!

Фото: AREA 2 FARMS
93

Компанијата Area 2 Farms, која одгледува зелен зеленчук, зачински билки и коренест зеленчук на вертикални фарми, ја виде својата нова деловна можност во напуштените згради.

Речиси на влезот во Вашингтон ДЦ, се наоѓа Арлингтон, град во кој пред пандемијата имаше многу деловни згради, но бидејќи кризата влијаеше на затворање на многу деловни субјекти, ова место се соочи и со зголемен број на напуштени објекти.

Компанијата Area 2 Farms, која одгледува зелен зеленчук, зачински билки и коренест зеленчук на вертикални фарми, ја виде својата нова деловна можност во напуштените згради.

Има сè повеќе претплатници за неделна достава на свеж зеленчук

Имено, бидејќи во високите згради имало вишок канцелариски простор, а сопствениците биле отворени за нови идеи, Џеки Потер и Тајлер Барас ги претставиле своите идеи за фарми во затворен простор. Очигледно, идејата на сопствениците на Area 2 Farms била добра, бидејќи бизнисот во областа Арлингтон цвета – има сè повеќе претплатници за нивната неделна достава на свеж зеленчук.

Area 2 Farms користи софистициран систем на подвижна лента Сило за да се намалат напорните часови на одгледување во затворени простории. Тоа не е хидропонски систем бидејќи има вистинска почва во фармите, што значи дека тие можат да одгледуваат коренест зеленчук како компири, моркови и ротквици.

Кога се изведува правилно, вертикалното земјоделство може да произведе исто толку колку и традиционалното земјоделство, но со многу помалку простор и без грижа за временските услови или штетниците. Очигледно, тоа може да се направи и во центарот на градот, каде земјиштето е скапо.

Нови економски можности и сè повеќе „зелени работни места“

Сиара О’Брајан спровела истражување за списанието Modern Farmer и открила дека 20% од канцеларискиот простор во САД е напуштен и дека до 2030 година, околу 300 милиони квадратни метри во градовите едноставно ќе бидат застарени – делумно поради затворањето на деловните активности и делумно поради фактот дека многумина се позадоволни со работа на далечина.

Исто така, факт е дека градовите се менуваат секој ден, а добро е и тоа што поради новите деловни можности се отвораат сè повеќе нови „зелени работни места“, што се разубавуваат просторите и се снабдуваат локалните заедници со свежа храна. Тоа е нешто што е навистина драгоцено!