Хашимото, синуси, тахикардии, артритис, бронхитис… лекот е во промена на нашите нездрави навики

550

Ајурведската медицина не е волшебно стапче, таа е природна, суптилна и бавна промена во вашите нездрави навики. Од исхраната (кога и што јадете), време за спиење и за станување, вежбање, до грижа за вашето ментално здравје и мир. Дури и славниот Раде Шербеџија пред неколку години се пофали дека поради проблеми со грбот и колкот побарал помош од оваа древна индиска медицина, а благодарение на детоксикацијата и промената на исхраната, се преродил. Единствено што му недостасувало бил – компирот.

Сигурно во одреден момент од животот секој од нас размислувал за друг алтернативен пристап кон здравјето кој нуди решение за актуелни или за хронични здравствени проблеми. И веројатно голем дел од тие алтернативни пристапи завршиле без конкретни и долгорочни резултати.

Еден од тие алтернативни пристапи од кој, наместо нула-резултати, има сѐ повеќе сведоштва од луѓе кои си го нашле лекот, е ајурведската медицина. Иако станува збор за една од најстарите медицини во светот, поточно, стара е повеќе од 5000 години (и како таква останала непроменета до ден денес), кај нас таа станува сѐ поактуелна последнава деценија благодарение на неколкумина ентузијасти кои од петни жили се трудат да ни ги откријат, да ни ги приближат и да ни ги овозможат и нам сите нејзини благодети.

Факт е дека Ајурведата има сè повеќе следбеници и на Запад и веќе не е прашање на тоа дали веруваме во неа или не, туку таа полека станува филозофија на животот и на многу европјани. Дури и славниот хрватски актер Раде Шербеџија уште пред неколку години се пофали во хрватските медиуми дека поради проблеми со грбот и колкот побарал помош од оваа древна индиска медицина, а благодарение на детоксикацијата и промената на исхраната, се преродил. На почетокот на својата ајурведска трансформација, овој познат гурман, морал да го промени начинот на исхрана. Единствено што му недостасувало е – компирот.

Имено, ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравјето, туку е и стил на живот адаптиран за одржување на совршен баланс и хармонија во човековото тело.

Станува збор за природна, суптилна и бавна промена во вашите нездрави навики, од исхрана (кога и што јадете), време за спиење и за станување, вежбање до грижа за вашето ментално здравје и мир. Секако, за сето ова е потребно најпрвин да се направи дијагностика на пулсот. Само врвен ајурведски лекар со долгогодишно искуство и пракса може правилно да дијагностицира и да препише правилен и ефективен третман.

„Сѐ друго би било несериозно. По повеќе години работа со Ајурведата, соработуваме исклучиво со најдобрите, проверени лекари со светска репутација“, вели Горан Поповски, ајурведски терапевт, наскоро и ајурведски лекар и еден од оснивачите на македонскиот центар за ајурведа каде што наскоро (од 15 до 19 јуни) доаѓа ајурведскиот експерт д-р Вишну Прасад. Овој ајурведски лекар од Индија е одличен дијагностичар, консултант за дијагностика на пулсот и специјалист за панчакарма, ајурведски третман кој е ефикасен и за хронични и за акутни здравствени проблеми. „Врз основа на резултатите од дијагнозата на пациентот, ајурведскиот лекар ги одредува индивидуалните препорачани процедури за Панчакарма, кои вклучуваат препораки за исхрана и препораки за различни форми на терапија, во зависност од секој поединечен случај“, вели Поповски.

На пример, нашата соговорничка Драгица Манојловска која боледува од автоимуната болест Хашимото – болест на тироидната жлезда проследена со хипотироидизам, а како последица на тоа долги години ја измачувала и хипертензија со тахикардии, иако со првична недоверба, на крајот си го нашла лекот кај ајурведски лекар. Тој ѝ препорачал промена на начинот на исхрана и воопшто, на стилот на живот. Со своето искуство, вели, го потврдува правилото дека без правилна исхрана, лековите не можат да помогнат, а со правилна исхрана – лекот е непотребен.

Основната цел на ајурведските третмани е да се прочисти телото од неразградената и неискористена храна наречена ама или отрови кои се акумулираат во телото и предизвикуваат болести.