Хашиомото замор – што можете да направите?

Фото: Pexels
222

Многу луѓе со Хашимото ќе доживеат подобрување откако ќе ги исфрлат глутенот и лактозата од нивната исхрана. Пробајте да видите дали ќе успее ова и во вашиот случај.


Луѓето кои страдаат од Хашиомото синдром често прават сè со половина од енергијата што вообичаено ја имале. Мислите често им се замаглени, телото е уморно, а психата, исцрпена.

Заморот е еден од најтешките симптоми што ги доживувате ако имате Хашимото. Многумина бараат тактика како да го победат и што да направат за да го совладаат.

Заморот што го чувствуваме поради болеста Хашимото не е вистинскиот замор што го чувствуваме откако напорно работиме некоја тешка работа. Овде повеќе станува збор за летаргија, исцрпеност и недостаток на енергија. Во такви ситуации на луѓето им недостасува енергија за движење, па не се ни во состојба да се изморат во вистинска смисла на зборот. Заморот од Хашимото е присутен и по одмор, после спиење, за разлика од „вистинскиот“ замор, кој се намалува и исчезнува по одмор и спиење.

Таквиот замор може значително да го промени вашето секојдневно функционирање, да ја намали концентрацијата, да ја ограничи меморијата, па дури и да влијае на расудувањето. Заморот од Хашимото често ве оневозможува во обичните и секојдневните физички задачи. Повеќето луѓе понекогаш се чувствуваат безволно и исцрпено без причина, но специфичноста на заморот од Хашимото е тоа што тој не исчезнува или не поминува сам по себе. Понекогаш состојбата може да се подобри за ден или два, но повторно се враќа.

Хроничниот замор е чест придружник на луѓето со Хашимотова болест. Тоа е затоа што болеста влијае на функционирањето на тироидната жлезда, намалувајќи ги хормоните што тироидната жлезда ги произведува. Тироидните хормони се хормони кои го контролираат метаболизмот на вашето тело, вклучително и некои основни функции како пулсот и температурата на телото. Кога има недостаток на овие хормони, метаболизмот се забавува, како и некои основни функции како што се отчукувањата на срцето, а сето тоа ве прави физички послаби и посклони кон замор.

Покрај тоа, луѓето со намалена функција на тироидната жлезда имаат потешкотии со спиењето, а имаат и полош квалитет на сон во текот на ноќта, што ги прави уште поуморни. Им треба подолго време за да заспијат, а фазите на спиење се пократки. Доста често, луѓето кои боледуваат од Хашимото се постојано поспани, но не можат добро да спијат.

Исхрана
Најдобар начин да се справите со заморот од Хашимото е редовно да земате хормонска заменска терапија како што ви препишал вашиот лекар. Лековите треба да го вратат нормалниот метаболизам и да ја вратат енергијата. Сепак, тоа често не е доволно, а заморот продолжува. За да го зголемите нивото на енергија, обидете се и да ја смените исхраната:

Јадете повеќе овошје и зеленчук, обидете се да јадете што е можно повеќе различни и шарени овошја и зеленчук. Поделете ги на 5 до 7 порции дневно.
Погрижете се вашата исхрана да биде богата со витамини, особено Б1, Б12, фолна киселина, витамин Д и железо.
Многу луѓе со Хашимото ќе доживеат подобрување откако ќе ги исфрлат глутенот и лактозата од нивната исхрана. Пробајте да видите дали ќе успее во вашиот случај.
Избегнувајте рафиниран шеќер и вештачки засладувачи.
Намалете го внесот на преработена храна и фокусирајте се повеќе на свежа храна и намирници.
За многу луѓе, промената во исхраната помага да се справат со заморот предизвикан од Хашимото и помагаат да се врати енергијата.

Сонце
Недостатокот на сонце, односно недостатокот на време што го поминуваме на отворено, под ведро небо, може да предизвика замор од две причини. Првиот е недостаток на витамин Д, а вториот е недостаток на светлина. Ќе се изненадите колку често се јавува недостаток на витамин Д во современиот свет, но и дека недостатокот на светлина е многу чест проблем за луѓето кои живеат дури и на топли и сончеви места. Недостатокот на витамин Д почесто се среќава кај луѓе кои страдаат од Хашимотова болест. Според истражувањата, дури 70 проценти од луѓето со Хашимото имаат недостаток на витамин Д. За да создадете доволно витамин Д, потребни ви се околу 15 минути изложување на рацете и лицето или некои други делови од вашето тело на сончевите зраци без облека и без заштитни креми на силна сончева светлина, а тоа значи дека, со оглед на тоа што веројатно ќе шетате на поумерено сонце, треба да поминувате повеќе од половина час надвор секој ден.