И Бургер Кинг ѝ подлегна на Барбиманијата! Дали би ги пробале новитетите во розево издание?

Фото: Инстаграм
165

Барби доминира летово на сите полиња! Па дури и кога станува збор за храна и пијалаци, сите лека полека се бојат во розево

Пред објавувањето на филмот Барби со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги, повеќето брендови ги посветија своите производи на оваа култна кукла што го одбележа детството на многу деца од различни генерации. На многу девојчиња Барби им беше идол и тие сонуваа да живеат во куќа како нејзината, да имаат убава коса, облека и чевли.
Сега кога филмот конечно пристигна во кината, Барбиманијата не стивнува, а популарната кукла и Барби мотивите ги красат колекциите на модните брендови, домашните декорации, но и менијата на популарните синџири за храна и пијалаци.

Бургер Кинг лансираше лимитирана Барби серија која за кратко време го доби епитетот на најфотогенично мени ова лето.
Во рамките на асортиманот на Бургер Кинг во Бразил, можете да најдете „Пинк Барби Бургер“ со „розов чаден сос“ и парчиња сланина. Сепак, иако станува збор за нормален сос за скара, мора да признаеме дека заради розевата боја и не изгледа многу привлечно.

Освен во Бразил, во Барби оброкот можете да уживате и во САД. Заедно со класичниот помфрит, на крајот би го пробале и Барби шејкот со вкус на ванила и Несквик и розова крофна.
Летото е дефинитивно во знакот на Барби. Којзнае, како што сме помодари, можеби новитетите на Бургер Кинг ќе го најдат патот и до нашите ресторани.