Италијански вегански десерт

Фото: Пинтерест
218

Овој традиционален сицилијански десерт е всушност едноставен пудинг направен од едно од најценетите богатства на Сицилија, бадемите.

Бјанкоманџаре е италијански десерт толку чист што го добил името „бело јадење“ (Bianco mangiare). Всушност, станува збор за десерт направен од едно од најценетите богатства на Сицилија, бадемите.

Иако традиционално се прави со бадемово млеко, кој сака може да го направи и со мешавина од бадемово млеко и млечни производи. Затоа, проверете однапред како е направено пред да го нарачате во Сицилија.

Еве што ви треба з ада го направите сами:

За домашно бадемово млеко

100 г сирови бадеми (нелупени)

750 мл вода

За пудингот:

500 мл бадемово млеко

100 гр шеќер

50 гр пченкарен скроб

1/4 лажичка сол

кора од органски лимон

1 мало стапче цимет

бадеми за сервирање (по избор)

Начинот на приготвување погледнете го во видеото подолу: