Како и со што треба да се пијат лековите? Некои намирници го намалуваат дејството на терапијата

Фото: Pexels
430

Ако земате лекови против згрутчување на крвта, варфарин, би требало да ги следите вообичаените препораки да јадете порција лиснат зеленчук дневно, затоа што се покажало дека луѓето со редовен здрав внес на лиснат зеленчук всушност имале „подобро контролирано“ згрутчување на крвта. Не е важна количината на внесен зеленчук, важно е да се одржува стабилен внесот на витамин К за згрутчувањето на крвта да остане на посакуваното ниво, велат експертите

Некои лекови треба да се земаат на празен стомак, други треба да се земаат со храна, но некоја храна или пијалаци може да влијаат на апсорпцијата на лекот.

На пример, едно истражување на Медицинскиот факултет во Висконсин во САД покажало дека некои вештачки засладувачи може да влијаат на начинот на кој телото метаболизира одредени лекови, вклучувајќи антибиотици, антидепресиви и антивирусни лекови.

Лабораториската студија покажала дека вештачките засладувачи (двата тестирани биле сукралоза и ацесулфам калиум) ја нарушуваат функцијата на протеинот во црниот дроб кој помага да се отстранат токсините и лековите од телото. Сепак, научниците изјавиле дека ова е само прелиминарна работа и дека е потребно подетално истражување.

Сепак, ова не е единствениот пример на храна која влијае на ефектот на лекот. Познато е дека цитрусните овошја, особено грејпфрутот, ја попречуваат апсорпцијата на најмалку 85 различни лекови – од статини (лекови за намалување на холестеролот) до антидепресиви.

Грејпфрутот содржи соединенија наречени фуранокумарини кои можат да го попречат ензимот во нашето тело кој ги разградува овие лекови, што може да доведе до опасно високи нивоа во нашиот крвоток.

„Во нормални услови, овој ензим го намалува количеството на лекот што влегува во вашата крв – и количините што ви се препишани го земаат предвид овој процес. Но, ако пиете сок од грејпфрут во исто време – или го јадете, сеедно – фуранокумарините го спречуваат овој ензим да ја врши својата работа. Ова може да биде важно за бројни широко препишувани лекови“, објаснува Сајмон Максвел, професор по клиничка фармакологија на Универзитетот Единбург.

Проблемот е толку значаен што научниците работат на генетска варијанта на грејпфрут што содржи ниски нивоа на фуранокумарини како побезбедна опција за секој што зема лекови.

Кафе
Но, понекогаш ефектот на храната или пијалакот може да биде позитивен.

На пример, познато е дека пиењето една шолја кафе може да го зголеми ефектот на парацетамолот бидејќи кофеинот ја забрзува апсорпцијата на лекот во цревата, вели Ејдан Гогинс, фармацевт со седиште во Лондон. „Често клинички релевантните интеракции со друга храна се откриваат неколку години откако лековите се на пазарот, а пациентот никогаш не ги добива информациите“, вели тој.

Киви
Кивито ги намалува несаканите ефекти на аспиринот. Главниот несакан ефект од земањето аспирин е салицилната киселина, чии големи количини може да доведат до чир на желудникот или дури и до цревно крварење, вели фармацевтот Ејдан Гогинс.

„Нашите тела произведуваат антиоксидантни протеини (наречени хем оксигеназа) кои помагаат во спречување на настанување на чир, но за ова се потребни големи количини на витамин Ц. Аспиринот доведува до зголемена потрошувачка на витамин Ц во нашиот организам бидејќи го зголемува производството на урина – така што нивото на витамин Ц и онака опаѓа со внесувањето на аспирин“, вели тој и додава дека во случај на редовно земање аспирин, не е лошо да го зголемите внесот на витамин Ц со јадење портокали, киви и бобинки.

Цитруси
Тие влијаат на најмалку 85 различни видови лекови – вклучително мидазолам (бензодиазепин, кој се користи како анестетик), сертралин (антидепресив), статини (вклучувајќи симвастатин и аторвастатин), силденафил (за еректилна дисфункција) и блокатори на калциски канали (за висок крвен притисок). Последиците можат да бидат многубројни: екстремно оштетување на мускулите поради статини; пријапизам (прекумерно продолжена ерекција) за силденафил; главоболки, вртоглавица, замор и нарушување на спиењето со сертралин; прекумерна седација со мидазолам; и прекумерно намалување на крвниот притисок, зголемен пулс, вртоглавица, замор и заматен вид за оние кои земаат блокатори на калциски канали.

Млечни производи
Млекото, јогуртот и сирењето може да ја намалат апсорпцијата на антибиотиците кои се користат за лекување на многу видови инфекции, особено тетрациклини и флуорохинолони. Се смета дека тие се врзуваат за калциумот и не можат да се апсорбираат соодветно.

„На пример, земањето јогурт додека земате ципрофлоксацин може да ја намали неговата ефикасност до 42 проценти“, вели Ејдан Гогинс.

Месо и месни производи
Тоа влијае на антидепресивите кои содржат инхибитори на моноамин оксидаза (МАО).

„МАО делуваат така што ја намалуваат активноста на клучниот ензим (моноамин оксидаза), што резултира со повисоки нивоа на норепинефрин, серотонин и допамин кои ни помагаат да се чувствуваме подобро, посреќно… Но, овој ензим помага и во контрола на нивото на аминокиселината тирамин, која се наоѓа во ферментираната храна, саламата, зрелото сирење, некои пива, лагери или вина. „Покаченото ниво на тирамин може да предизвика висок крвен притисок, главоболки, заматен вид и понекогаш крварење во мозокот“, објаснуваат научниците.

Банани
Тие влијаат на високиот крвен притисок и лековите за срце.

„АЦЕ инхибиторите и АРБ имаат тенденција да помагаат задржување на калиум во бубрезите. Додека повеќето луѓе се прилагодуваат на тоа без проблем, кај некои луѓе нивото на калиум се зголемува – особено кај постарите или оние со бубрежна болест. За оваа група, јадењето големи количини на храна богата со калиум, како што се бананите, може прекумерно да ги зголеми овие нивоа, што доведува до слабост, замор и абнормален срцев ритам, велат експертите.

Храна богата со влакна
Храната богата со растителни влакна може да ја намали ефикасноста на тироидните лекови базирани на левотироксин, кои се препишуваат на луѓе чија тироидна жлезда не произведува доволно тироксин (хипотироидизам).

Сепак, јадењето храна богата со влакна – како што се леќата, гравот, мешунките и свежо овошје и зеленчук – може да го направи левотироксинот помалку ефикасен.

Теоријата е дека влакната се врзуваат за лекот додека патуваат низ цревата, намалувајќи ја неговата апсорпција. (Левотироксинот исто така се врзува за храна која содржи калциум и железо, како и за кафе.)
„Тоа е шокантно, но ова е нешто за што многу луѓе не знаат“, вели Ејдан Гогинс. „Едно истражување покажа дека 20 отсто од пациентите земаат левотироксин со оброк, а други 20 отсто го земаат помалку од 30 минути пред оброкот.

Совет: Земете левотироксин на празен стомак – и најмалку 60 минути пред оброк, вели Ејдан Гогинс.

Житарки
Житарките можат да влијаат на апсорпцијата на антибиотиците. Железото, цинкот и магнезиумот кои вообичаено се додаваат во храната како што се житарките за појадок може да ја намалат апсорпцијата на одредени антибиотици: тетрациклини и флуорохинолони.

„На пример, ако јадете житарки збогатени со железо или минерали и земате антибиотик во исто време, тоа може да ја намали апсорпцијата на лекот до 64 проценти“, вели Ејдан Гогинс.

Совет: Јадете ги сите оброци најмалку два часа пред да го земете овој тип на антибиотик, вели Ејдан Гогинс.

Зелен зеленчук
Порано, на луѓето кои земаа средство против згрутчувањена крвта, варфарин, им се советувалое да избегнуваат спанаќ, кељ и друг зелен зеленчук. Тоа е затоа што тие се богати со витамин К, кој игра клучна улога во формирањето на протеини кои овозможуваат згрутчување на крвта, објаснува професорот Максвел.

Но, една студија од 2019 година од Универзитетот во Монтреал покажала дека луѓето со редовен здрав внес на лиснат зеленчук всушност имале „подобро контролирано“ згрутчување на крвта, вели професор Максвел. Не е важна количината на внесен зеленчук, туку неговата стабилност.

„Важно е да се одржува стабилен внесот на витамин К за згрутчувањето на крвта да остане на посакуваното ниво. Ако земате варфарин, би требало да ги следите вообичаените препораки да јадете порција лиснат зеленчук дневно“, вели Максвел.