Jадeњето банани може да биде доста ризично за луѓето со овие здравствени проблеми

Фото: Unsplash
59

Бананите делуваат благотворно на срцето, го стимулираат варењето, ги зајакнуваат мускулите и го снабдуваат организмот со антиоксиданти, магнезиум, витамини Ц и Б6 и фолна киселина. Сепак, тие не се секогаш добар избор – особено за луѓе со одредени здравствени проблеми.

Бананите се омилено овошје познато по своето богатство на витамини и минерали, што ги прави совршена ужина за зајакнување на енергијата и одржување на здравјето.

Освен што делуваат благотворно на срцето, бананите го стимулираат варењето, ги зајакнуваат мускулите и го снабдуваат организмот со антиоксиданти, магнезиум, витамини Ц и Б6 и фолна киселина.

Сепак, тие не се секогаш добар избор – особено за луѓе со одредени здравствени проблеми.

Еве кој треба да внимава при нивната консумација

Бананите може да предизвикаат алергиски реакции, особено кај луѓе кои веќе страдаат од алергии, астма или атопичен дерматитис. Во овие случаи, телото реагира на одредени соединенија од бананата како закана, што може да резултира со чешање, осип или други промени на кожата.

Богати со јаглени хидрати и природни шеќери, бананите можат значително да го подигнат нивото на гликоза во крвта. На дијабетичарите им се советува да ги јадат умерено, во комбинација со храна богата со протеини или зеленчук што не содржи скроб, со цел да се забави апсорпцијата на шеќер.

Вишокот на калиум ги оптоварува бубрезите
Бананите се природен извор на калиум, минерал од суштинско значење за работата на мускулите и нервниот систем. Меѓутоа, луѓето со бубрежна болест или зголемено ниво на калиум треба да ги избегнуваат, бидејќи вишокот на калиум може да ги оптоварува бубрезите и да доведе до компликации.

Бананите содржат олиго-фруктани, соединение кое може да предизвика надуеност и абдоминална болка кај луѓе со чувствителен дигестивен систем или синдром на нервозно дебело црево.

Ако имате проблеми со варењето, размислете да го избегнувате ова овошје.

Иако бананите се одлични за повеќето луѓе, важно е да знаете како тие влијаат на вашето здравје. Ако имате некоја од горенаведените дијагнози, размислете за алтернативи или консултирајте се со вашиот лекар за да избегнете потенцијални проблеми.

Бананите се здрави – но само кога се консумираат на правилен начин.