Каде е најдобро да се чуваат компирите за да траат што подолго?

Фото: Pexels/Pixabay
3.456

Порано се велеше дека не треба да ги чуваме компирите во фрижидер бидејќи постоеше загриженост дека тоа може да доведе до дополнителни шеќери во компирите, кои потоа, при варењето, се претвораат во акриламид, супстанција која е поврзана со ризикот од развој на рак. Но, истражувањето на Одборот за токсичност на хемикалиите во храната, потрошувачките производи и средината (COT) докажа дека овие грижи се неосновани.

Ако некогаш сте се запрашале каде е најдоброто место за чување компири, се чини дека одговорот пристигна. И донекаде изненадувачки. Експертот за храна и основач на The Full Freezer, Кејт Хол, го сподели најдобриот метод за да останат што подолго свежи.

„Порано се велеше дека не треба да ги чуваме компирите во фрижидер бидејќи постоеше загриженост дека тоа може да доведе до дополнителни шеќери во компирите, кои потоа, при варењето, се претвораат во акриламид. Тоа е супстанција која е поврзана со ризикот од развој на рак“, вели таа и додава дека е тоа неосновано.
„Истражувањето на Одборот за токсичност на хемикалиите во храната, производите за широка потрошувачка и животната средина (COT) докажа дека овие грижи се неосновани, па затоа фрижидерот е најдоброто место за чување на компирите“, вели Хол.
Но, пред да ги ставите внатре, важно е да проверите да не се влажни бидејќи влагата може да го забрза нивното расипување, па затоа е најдобро да не ги миете претходно.

Експертката за безбедност на храна Силвија Андерсон исто така се осврнала на оваа тема.

„Влагата може да предизвика гниење на компирот, па затоа е важно да ги одржувате суви. Избришете ја целата нечистотија пред да ги складирате и избегнувајте да ги миете додека не сте подготвени да ги користите“, вели таа и додава дека компирот треба да се чува одвоено од некои намирници за да се продолжи нивниот рок на траење.
„Чувајте ги компирите одвоени од кромидот, јаболката и некои други намирници чувствителни на етилен за да го продолжите нивниот рок на траење“, вели Андерсон.

Овошјето и зеленчукот често најдобро се чуваат во фрижидер доколку сакате да останат свежи. Иако бананите често се оставаат во овошен сад, стручњаците велат дека најдобро е да се чуваат во фрижидер кога ќе станат зрели.