Спасете се од мигрената со помош на лимонада и хималајска сол

Фото: Pexels
267

Дали сте склони кон мигрена, а кога ќе ве фати, не знаете како да си помогнете и да ја ублажите болката?

Ако имате проблеми со мигрена, знаете колку е тешко кога и покрај сите аналгетици што ќе ги испиете, таа не ве остава. Сигурно сте пробале и разни природни методи и лекови, но главоболката постојано ве изненадува.

Чувството на мачнина, чувствителност на светлина и мачна болка во едната половина од главата навистина можат да го уништат секојдневието.

За да ви помогнеме да ги ублажите многу непријатните симптоми, ви носиме рецепт за лимонада со додаток на хималајска сол.

Сепак, покрај ова природно решение, задолжително водете сметка и за здравата исхрана.

Внимавајте на внесот на хранливи материи

Првиот и најважен чекор е да сфатите дека треба да промените нешто во вашиот живот. Бидејќи мигрената укажува на проблем во телото кој дефинитивно треба да го откриете. На пример, мигрената може да биде и резултат на диета која е многу сиромашна со хранливи материи.

Познато е дека некои луѓе си помогнале себеси со менување на навиките во исхраната, на пример со отфрлање на млечните производи и префрлување на сирово овошје и зеленчук.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои страдаат од мигрена обично имаат недостаток на одредени хранливи материи, како што се витамините Д и Б2, како и фолати, а забележан е и недостаток на коензим Q10.

Предизвикувач на мигрена може да биде и недостатокот на магнезиум, калиум и натриум, затоа не заборавајте да го зголемите внесот на храна која е богата со овие минерали.

Сепак, мигрената може да се појави и како резултат на дехидрација, што е многу чест проблем во текот на летните месеци.

Некои од симптомите на дехидрација се, на пример, сува уста, зголемена жед, замор, слабо мокрење, сува кожа, вртоглавица, низок крвен притисок и забрзано чукање на срцето.

Затоа, при секое навестување на мигрена, задолжително подгответе ја оваа лимонада со хималајска сол.

Лимонада со хималајска сол
Состојки (за 1 чаша):

2 супени лажици сок од лимон
1/2 лажичка хималајска сол
2 дцл вода
1 лажичка мед

Приготовување:

Во водата додадете свежо исцеден сок од лимон и хималајска сол и убаво измешајте. Потоа по желба додадете малку мед – оваа состојка е по желба. Медот ќе го омекне киселиот вкус на овој напиток.

Начин на консумирање:

Веднаш по подготовката испијте 1 чаша лимонада со хималајска сол, а потоа уште една чаша обична вода. По 10 минути повторете ја постапката – 1 чаша лимонада + 1 чаша вода.

Доколку е потребно, по следните 10 минути, направете уште еден циклус. Во рок од половина час, треба да почувствувате олеснување од симптомите на мигрена.

Како помага хималајската сол?

Се прашувате која е тајната на хималајската сол?

Со оглед на тоа што е богата со клучни хранливи материи, како што се натриум, калиум, калциум и магнезиум, со внесување во телото, ги враќате електролитите во рамнотежа.

Благодарение на богатството на минерали и елементи во трагови, оваа сол помага да се спречи дехидрација на телото. Дејствува такашто ги рехидрира телесните клетки, го зголемува нивото на енергија, ја подобрува циркулацијата и ги намалува грчевите во мускулите.

Хималајската сол го зголемува и нивото на хормонот серотонин во крвта, што значително ќе го подобри вашето расположение и на тој начин ќе ги намали симптомите на мигрена.

Сок од лимон – одличен за главоболки

Познато е дека лимонот е еден од најздравите цитрусни овошја кој совршено го чисти телото од токсини и има антиинфламаторно дејство. Мигрените често се тесно поврзани со воспалителните процеси во телото, па лимонот заедно со хималајската сол е една од клучните состојки.

Исто така, лимонот е богат со витамин Ц и калиум, кој е клучен за ублажување на главоболки како мигрена.

Овој цитрус делува и така што го намалува чувството на замор, напнатост и вознемиреност, кои често се присутни токму кај луѓето кои страдаат од овој вид главоболка.

Со конзумирање на лимонада со хималајска сол, дефинитивно ќе се ослободите од стресот, што е исклучително важно кога ќе земеме предвид дека стресот е еден од предизвикувачите на мигрена.

Кога велиме сок од лимон, мислиме на свежо цеден сок, по можност од домашни, непрскани лимони.