Кељ, богат и хранлив подвид на зелка: Не е лесно сварлив, но ако знаете да го консумирате ќе ви донесе бројни здравствени придобивки

Фото: Unsplash
135

Важно е да се напомене дека кељот има повеќе железо по калорија од говедското месо и повеќе калциум од млекото, а изобилува со влакна и омега-3 киселини. Со 100 грама кељ се покриваат 88 проценти од препорачаниот дневен внес на протеини.

Кељот (Brassica oleracea var. sabauda) е ист вид како и зелката. Во готвењето најмногу се цени жолтеникаво-белиот млад кељ кој нема многу заштитни листови.

Потекнува од Медитеранот и Мала Азија, а поради неговите сино-зелени згужвани листови кои можат да бидат горчливи, често се заобиколуваат во исхраната.

Вкусен е, но не е лесно сварлив. Кељот има многу витамин Ц, но го губи кога се готви.

Достапен е во текот на целата година. Главиците на зимскиот кељ имаат повеќе обвивки од лисја. Се јаде приготвено како вариво, полнет, од него се прават шницли со трошки, се вари и се прелива со масло, а во помали количини се додава во супи.

Важно е да се напомене дека кељот има повеќе железо по калорија од говедското месо и повеќе калциум од млекото, а изобилува со влакна и омега-3 киселини, така што нема оправдување да не го јадете.

Го детоксицира телото

Новото истражување покажа дека кељот може целосно да го детоксицира телото и да ја регулира неговата општа состојба. Ова се должи на изотоцијанатот, кој настанува од молекулата на кељот.

Полн е со железо и калциум

Има повеќе железо по калорија од говедското месо, повеќе калциум по калорија од млекото и полесно се апсорбира од телото отколку млечните производи.

Со 100 грама кељ се покриваат 88 проценти од препорачаниот дневен внес на протеини.

Ги штити очите и срцето

Богат е со каротеноиди и витамин А, кои позитивно влијаат на здравјето на очите бидејќи штитат од ултравиолетово зрачење и слободни радикали. Истражувањата велат и дека ги намалуваат шансите за развој на катаракта и до 50 проценти.

Изобилството на витамин К во кељот го штити срцето бидејќи се верува дека го намалува ризикот од атеросклероза.

Ги храни коските

Витаминот К е исто така клучен за здравјето на коските, а 100 грама кељ содржи над 1.000 отсто од препорачаната дневна доза.

Овој витамин ја подобрува апсорпцијата на калциумот и го намалува неговото излачување во урината, а со тоа ве штити од фрактури на коските.

Го зајакнува имунитетот

Кељот е богат со каротеноиди и флаваноиди, антиоксиданти кои значително го зајакнуваат имунитетот и витамини А и Ц.