Кога баба ќе ти направи роденденска торта…

903

Некои луѓе се толку креативни што од наједноставните состојки ќе ви направат најубава торта. Еве на пример како оваа што ја направла една баба за роденденот на нејзината внука. Пролетна и роденденска

Нашата читателка Викторија Симиќ ја направила тортата за роденденот на нејзината внука. Токму таква каква што треба да биде – пролетна и вкусна.

Ако мислите дека е комплицирана за правење, се лажете. Таа вели дека може да ја направи и мало дете.

Секако, за украсувањето не треба рецепт, туку креативност и многу, многу љубов.

Состојки:

1 кг бисквити

6 лажици шеќер во прав

3 банани

350 г крем-банани

800 г јагоди

400 мл јогурт + 400 мл јогурт

180 г павлака + 180 г павлака

200 г црно чоколадо

Приготвување:

Искршете ги бисквитите и поделете ги подеднакво во два сада. Исечкајте ги бананите и поделете ги во двата сада. Исечкајте ги крем-бананите и ставете ги во едниот сад, а во другиот ставете ги сите исечкани јагоди. Во едниот сад додадете 2 лажици шеќер во прав (во онаа со крем бананите), а во другата додадете 4 лажици (онаа со јагодите). Во секој сад ставете измешани по 400 мл јогурт и 180 мл павлака.

Измешајте се убаво и ставете ја прво едната мешавина, онаа со крем-бананите, во тепсија и убаво распоредете ја. Одозгора распоредете ја втората мешавина и ставете ја на ладење. Во меѓувреме направете прелив од чоколадо, малку путер и млеко и премачкајте ја тортата па вратете ја повторно во фрижидер.

Украсете ја по ваша желба.