Кој кромид за што се користи? Дали погрешно ги употребувате жолтиот, виолетовиот и сребрениот?

Фото: Pexels
254

Колку што има видови на кромид толку има и варијации во приготвувањето на јадењата, а добрите готвачи точно знаат кога да користат жолт кромид, а кога сребрен, виолетов,млад …

Не се сите видови кромид за секое јадење. Не е сеедно дали во јадењето ќе ставите жолт или виолетов кромид, сребрен кромид, сладок кромид или праз. Исто така, важно е да знаете како да го сечете кој тип на кромид.

Жолт кромид

Ова е видот што луѓето најчесто го користат во готвењето. Тој има најсилен вкус во споредба со сите други и е најдобар избор за повеќето јадења. Богат е со диетални влакна. Најдобро е кога ќе го исечкате на мали коцки.

Виолетов кромид

Овој вид има најдобар вкус доколку не се вари и затоа е идеален за хамбургери и сендвичи. Одличен е во салати и за скара. Виолетовиот кромид содржи помалку шеќер од жолтиот кромид и е полн со антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од рак. Исечете го на прстени и одделете го секој прстен со прстите.

Сребрен кромид

Овој тип на кромид е совршен избор доколку сакате вашето јадење да има повеќе текстура. Тој е најкрцкав од сите и е одличен за пица, но и за мексикански јадења. Најдобро е кога ќе го исечете на ленти.

Млад кромид

Најдобро е да се јаде сиров, но може да се користи и за готвење. Во овој случај се користи цел, заедно со зелениот дел. Популарен е во кинеската и јапонската кујна. Богат е со витамини К и Ц. Се сече на тркалца.

Праз

Празот е најдобар за салати и да се користи свеж. Исечете го на тенки прстени. Добро оди со риба.