Тајната на турскиот сладолед што речиси никогаш не капе

Фото: Принтскрин
38

Повеќето туристи дознаваат за дондурма сладоледот преку акробациите на уличните продавачи на авенијата Истиклал и плоштадот Ортакој во Истанбул.

Не се сите сладоледи исти. Американскиот сладолед е богат со павлака и има лесни состојки. Италијанскиот џелато се меша побавно и се служи на повисока температура. Индискиот кулфи е густ и никогаш не се мати. А во Турција, мараш дондурма е растеглив како карамела и речиси отпорен на топење. Неговата издржливост е поради брашното добиено од орхидеи, познато како салеп, кое се произведува само во Турција
Повеќето туристи дознаваат за дондурма сладоледот преку акробациите на уличните продавачи на авенијата Истиклал и плоштадот Ортакој во Истанбул. Продавачите се облечени во извезени елеци и црвени фесови – традиционална носија од јужноцентралниот регион Кахраманмараш, од каде што потекнува дондурмата.

За таа цел користат долги метални прачки за да ја удираат и месат дондурмата како шарено тесто, вртејќи ја со вештина што потсетува на мајсторите за пица од Неапол. Шоуто започнува кога муштериите љубопитно ќе навлезат во играта, обидувајќи се да го фатат сладоледот кој постојано им бега, вртејќи се надолу. Затоа дондурма не се смета за обичен сладолед, туку за уникат меѓу замрзнатите десерти. Но и покрај ова, оние што сакаат да ја вкусат најдобрата дондурма, треба да ги заобиколат уличните забавувачи и да посетат некоја од познатите слаткарници во Турција. Една од нив е Серез Гурме Дондурма, ланец од слаткарници со девет продавници низ Истанбул. Слаткарницата е основана во 2010 година од страна на Сердар Кемахли.

– Идејата за овој сладолед ми дојде во четириесетата година, откако забележав голем ред пред една слаткарница покрај егејскиот брег. Луѓето беа трпеливи и среќни. Возрасните на лицата имаа детски изрази. Сладоледите што ги држеа во раце беа светлосини, светложолти, светлозелени – бои што ниту едно овошје никогаш не може да ги создаде – изјави Кемахли за Си-Ен-Ен.

Дондурмата од моето детство (70-те), кога постоеа само два вкуса (обичен и чоколаден), веќе одамна исчезна. Бев невработен, но таа вечер сфатив дека не барам само работа. Барав нешто што беше изгубено, додаде тој.

Сердар Кемахли претходно работел во сендвичарница, а подоцна се посветил на подготовка на сладоледот, усовршувајќи го својот начин во тек на едногодишни обиди и грешки пред да ја отвори својата прва слаткарница.