Лимон и лук против висок притисок: Како брзо да го намалите притисокот со помош на природни состојки?

Фото: Unsplash
3.755

Подгответе еликсир кој ги чисти вените и артериите од наслагите и ги намалува мастите во крвта. Лесно се прави и ако редовно го консумирате ефикасно го намалува високиот притисок

Лимон и висок крвен притисок? Благодарение на присуството на калциум и калиум, користењето на лимони во вашата секојдневна исхрана е едноставен начин за брзо намалување на крвниот притисок до нормални вредности. Калиумот е многу важен бидејќи помага во борбата против ефектите на солта (натриум хлорид) врз нашето тело. Научно е докажана врската помеѓу прекумерното внесување сол и појавата на артериска хипертензија, која е еден од главните ризик фактори за несакани кардиоваскуларни заболувања.

Лимонот како цитрусно овошје силно делува на намалување на крвниот притисок.
Неговиот сок е преполн со витамини, особено витамин Ц, минерали и растителни соединенија кои го поддржуваат здравјето на срцето и ги намалуваат факторите на ризик од срцеви заболувања, како што е високиот крвен притисок.
Истражувањата покажуваат дека зголемениот внес на витамин Ц ја намалува можноста за развој на срцеви заболувања.
Фитонутриентите како што се флавоноидите во лимонот имаат корисно антиинфламаторно дејство и ги штитат клетките од оксидативно оштетување. Внесувањето на фитонутриенти може да го спречи развојот на кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак и когнитивни болести како што се деменција и Алцхајмерова болест.

Сега кога знаеме дека лимонот и високиот крвен притисок имаат многу важна врска, ајде да видиме како брзо да го намалите крвниот притисок со помош на овој цитрус?

Лук и лимон против висок крвен притисок – чудесна комбинација
Природната аптека користи цел лимон за висок крвен притисок. Откриено е дека целите лимони го намалуваат воспалението и имаат корист за имунолошкиот систем. Соединението на лимоненот што се наоѓа во неговата кора го поддржува здравјето на артериите со одржување на здрави нивоа на масти и шеќер во крвта.

Во комбинација со лимон, лукот е најдобриот лек за висок крвен притисок бидејќи многу брзо го нормализира. Студијата на Медицинскиот центар Харбор-УКЛА покажа дека лукот има изненадувачки ефекти врз таложењето наслаги во артериите. Не само што учесниците кои земале по две чешниња лук дневно ја запреле акумулацијата на артериски плак, туку нивните симптоми почнале да се менуваат и да се подобруваат.

Лукот помага во опуштање и проширување на крвните садови, што прави крвта полесно да циркулира во телото, а крвниот притисок брзо паѓа и се нормализира. Се користи како природен лек бидејќи ја разредува крвта и го намалува нивото на „лошиот“ холестерол за 10-15%.
Ги ублажува главоболките, како и напрегањето на срцето предизвикано од високиот крвен притисок, што речиси го удвојува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар. Научниците открија дека многу високи дози (600 – 1500 мг) додатоци на лук во исхраната делувале исто како и антихипертензивниот лек.

Домашен еликсир
Лукот се користи ширум светот уште од дамнешни времиња во различни лековити препарати.

Овој познат тибетски еликсир, кој во рецептот за висок крвен притисок содржи лук и лимон, е одличен тоник за целокупното здравје. Особено е добар за здраво срце, мозок, дигестивен и имунолошки систем. Постепено ги чисти вените и артериите од наслагите, ги намалува мастите во крвта и го подмладува телото.

Состојки:
3 лимони
3 главици лук
1 л филтрирана вода
стерилизирани стаклени шишиња.
Приготвување:
Измијте ги лимоните, одвојте ги чешнињата од главиците на лукот и исчистете ги.
Лимоните и лукот исечкајте ги на ситни парчиња или сè накратко изблендирајте во блендер.
Сварете литар вода.
Смесата се става во врелата вода и се остава да се вари кратко време.
Откако ќе достигне точка на вриење, исклучете ја топлината и оставете ја смесата природно да се излади.
Кога ќе се излади, процедете ја течноста низ цедалка или преку газа. Со раце убаво стиснете за да го исцедите целиот сок.
Истурете ја течноста во стерилизирани шишиња, означете го датумот и чувајте го во фрижидер до три недели.
Пијте по една чаша (50 мл) на ден неколку часа пред оброк или неколку часа потоа. Продолжете додека не го испиете целиот еликсир, кој ќе биде доволен за околу три недели. Направете пауза една недела, а потоа направете уште една доза од еликсирот и пијте го три недели или додека не го потрошите. Потоа направете пауза шест месеци. Доколку е потребно, продолжете по шест месеци.