Лук и вода! Токму така, едноставен напиток со огромни здравствени придобивки

Скриншот: Јутјуб
5.458

Токму како што се вели за некоја едноставна работа, дека е лук и вода, така и правењето на овој лековит напиток од лук и од вода е буквално „лук и вода“

Лукот (Allium sativum), познат по својот уникатен вкус и арома, не само што е популарна состојка во готвењето, туку со векови се користи и како лек. Оваа „чудесна храна“ од семејството Amaryllidaceae има богата историја на употреба во традиционалната медицина на различни култури ширум светот, а современите истражувања ги потврдуваат бројните здравствени придобивки од лукот. Од зајакнување на имунитетот до намалување на ризикот од срцеви заболувања, тој е навистина моќен сојузник на нашето здравје и виталност.

Една од клучните предности на лукот е неговото силно антибактериско дејство. Имено, содржи соединение наречено алицин, кое има антимикробни својства и може да помогне во борбата против разни инфекции. Лукот традиционално се користи за лекување на настинки и кашлица и како природен антибиотик за разни бактериски инфекции.

Покрај тоа, лукот е познат по своето позитивно влијание на срцето и крвните садови. Редовното консумирање лук може да помогне во намалување на крвниот притисок и холестеролот, а со тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања како што се срцев и мозочен удар. Ја стимулира и циркулацијата и ја намалува појавата на згрутчување на крвта.

Освен што е добар за срцето, лукот може да го поддржи и имунолошкиот систем. Богат е со антиоксиданти кои се борат против слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките.

Неопходна е претпазливост
Понатаму, консумирањето лук може да помогне во спречување на настинки, грип и други вируси.

Некои студии сугерираат дека одредени соединенија во лукот може да помогнат да се потисне растот на туморот и да се намали ризикот од одредени видови на рак. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие резултати.

Конзумирањето лук може позитивно да влијае и на дигестивниот систем. Го стимулира производството на дигестивни ензими и помага во олеснување на варењето. Може да делува и како благ диуретик, поттикнувајќи го излачувањето на токсините од телото.

Иако има бројни здравствени придобивки, треба да бидете внимателни со конзумирањето на лукот во одредени ситуации. Луѓето кои земаат одредени лекови, како што се антикоагуланси или имаат специфични здравствени проблеми, треба да се консултираат со својот лекар пред да го вклучат лукот во својата исхрана како лековита намирница.

Направете свој напиток
Седум дена по ред, еднаш месечно, пијте лук и вода секое утро.

Состојки:

8 чешниња лук

1 литар вода

Приготвување:

Исчистете го лукот и исечете ги сите чешниња на половина. Исплакнете ги под млаз вода, па ставете ги во тегла.

Истурете литар вода и затворете ја теглата. Оставете во фрижидер еден час пред употреба.

Употреба:

Измешајте ¼ чаша вода со лук со 1 чаша обична вода и пијте.