Мафини со малини: Идеални за претстојниот викенд, дури и ако постите

Фото: Принтскрин/Јутјуб
691

Кој вели дека мора да се откажете од малите слатки задоволства за време на Велигденскиот пост. Барем за викенд, кога е дозволено да се консумира и масло (доколку сте верници кои постат за според црковните правила), направете вкусни мафини со малини.

Мафините се популарно слатко печиво, а најчесто се прават со овошје, чоколадни, со пудинг… Денеска има и солени верзии кои се подеднакво вкусни како и слатките, а изборот на состојки кои се користат е бесконечен.

Ако го почитувате велигденскиот пост, тогаш направете тесто без јајца, млеко и путер и испечете мафини воздушести и меки кои ќе ви се допаднат на првиот залак. А за уште подобар вкус додадете малини или било кое друго овошје по желба.

Состојки:
100 г шеќер
60 мл вода
60 мл масло
1 лажица екстракт од ванила
140 гр брашно
1,5 лажички прашок за пециво
140 гр малини

Приготвување:
Во еден сад измешајте ги шеќерот, водата, маслото и ванилата. Добро измешајте, па додадете го просеаното брашно со прашокот за пециво. Мешајте со маталка додека состојките не се соединат (не премногу). Потоа калапот за мафини обложете го со хартиени калапчиња, па истурете малку смеса, додадете малини, па уште малку смеса. Се печат во загреана рерна на 180°C околу 20-25 минути.