Македонскиот зелник на 50. место на топ-листа од 100: Тејст Атлас ги одбра најдобрите печива на светот

Фото: Фејсбук/Пирустија Неданоски
617

Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tejст атлас“ објави листа од 100 најдобро оценети печива во светот. На 50-то место се најде и македонскиот зелник.

Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tejст атлас“ („Атласот на вкусот“) објави топ-листа најдобро оценети печива во светот. На списокот, поточно на 50-то место се најде и македонскиот зелник.

Од нашето соседство, во првите 20 се бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, баклавата „Газијантеп“…

„Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер или масло пред да се стави да се пече, па питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува со чаша јогурт“, пишува во описот.

Просечната оценка за можеби една од најпрепознатливите македонски закуски е 4,4 .

„Атласот на вкусот“ комбинира автентични рецепти, критики од познавачите на храна и истражувачки написи за популарни јадења и состојки, па на тој начин е создадена и оваа листа на најдобри пекарски производи во светот.