Малиџано со пињоли

538

Пињолите ги добивме од нашата гостинка која ни ги донесе од Русија, но бидејќи кај нас поретко се наоѓаат, наместо нив можете да ставите обични или индиски ореви

Ако сте љубител на модри патлиџани, сигурно веќе сте си подготвиле извесна количина за во зима, но секако дека е добро да ги искористите и вака свежи, додека сѐ уште ги има. А најдобро ќе ги искористите ако си направите една голема доза малиџано.

Состојки:

4 средни модри патлиџани

200 г урда и 100 г рендано сирење

2-3 чешниња згмечен лук

300 мл кисела павлака

1-2 лажици мајонез (по желба)

3-4 лажици маслиново масло

пињоли (или ореви)

сол и црн пипер по вкус

сок од пола лимон

свеж босилек

Приготвување:

Испечете ги модрите патлиџани, излупете ги и испасирајте ги (можете и со помош на рачен блендер).

Потоа додадете ги останатите состојки и дотерајте го по свој вкус. Ставете го во фрижидер да се поврзат состојките и уживајте. Одлични се во комбинација со лепчињата со јогурт и хељда.