Пијте многу вода, но ниту случајно на овој начин!

Фото: Pexels
442

Д-р Саураб Сети ги истакнал сериозните ризици поврзани со пластичните шишиња со вода.
Тој предупредува дека овие шишиња содржат наночестички од пластика кои можат да бидат токсични и поврзани со разни здравствени проблеми, вклучувајќи рак и неплодност.

Водата е неопходна за одржување на нашето здравје и нормално функционирање на телото. Поголемиот дел од нашето тело се состои од вода, која игра клучна улога во многу витални процеси.

Тaа помага да се одржи рамнотежата на течностите во телото, да се регулира температурата на телото, да се сварат и апсорбираат хранливите материи и да се елиминираат отпадните материи. Исто така е важно за хидратација на кожата, зглобовите и внатрешните органи, одржувајќи ги влажни и подмачкани.

Ако не пиеме доволно вода, може да дојде до дехидрација, што може да предизвика голем број здравствени проблеми како што се замор, главоболки, запек, отежнато концентрирање и лошо варење.

Затоа е важно редовно да пиете доволно вода за да одржите оптимално здравје и благосостојба.

Д-р Саураб Сети ги истакнал сериозните ризици поврзани со пластичните шишиња со вода.

Тој предупредува дека овие шишиња содржат наночестички од пластика кои можат да бидат токсични и поврзани со разни здравствени проблеми, вклучувајќи рак и неплодност.

Затоа, порачува: Никако не пијте вода од пластично шише, а особено не во лето.
Според него, студијата покажала дека просечно пластично шише со вода во САД содржи до 240.000 од овие штетни честички.

Во своето видео на Тик-Ток, Сети ги советува луѓето да престанат да користат пластични шишиња и да се префрлат на шишиња од не’рѓосувачки челик за повеќекратна употреба.

@doctorsethimd

The risk of Plastic Water Bottles 🤯 I Harvard Trained Doctor Explains #heart #health #plastic #medicaltiktok

♬ original sound – Doctor Sethi

Тој особено предупредува на опасноста од пиење вода од пластични шишиња за време на топлите денови, бидејќи топлината може да поттикне испуштање на уште повеќе микропластика во водата.

Видеото на Сети стана вирално, со над половина милион прегледи.

Загриженоста за микропластиката во шишињата со вода расте во последниве години, бидејќи се верува дека малите парчиња пластика може да бидат нуспроизвод на производните процеси.

Иако некои истражувања сугерираат дека изложеноста на микропластика може да предизвика негативни ефекти како што се оштетување на клетките, оксидативен стрес и воспалителни реакции, влијанието врз здравјето на луѓето сè уште не е целосно истражено и главно се заснова на лабораториски и истражувања на животни, без конкретни докази за директно влијание врз луѓето.