Што правите обично после јадење? Докторка открива која навика може да ни го промени животот

Фото: Unsplash
507

Редовната физичка активност, вклучувајќи ја тука и кратката прошетка после јадење, го намалува ризикот од срцеви заболувања, а носи и многу други здравствени предности

После јадење, дури и наједноставната физичка активност може да изгледа како голем предизвик, но одењето после јадење носи многу предности што би требало да ги разгледаме. Оваа навика може да го намали нивото на стрес и да го зголеми нивото на серотонин, хормонот на среќата.

Д-р Хедер Виола, која е докторка по остеопатска медицина, истакнува пет причини зошто треба да ја прифатиме оваа навика после секој оброк, без разлика дали станува збор за појадок, ручек или вечера.

Подобрено варење
Одењето после јадење ја стимулира работата на желудникот и цревата, го забрзува минувањето на храната низ телото и го олеснува варењето.

Намален ризик од срцеви заболувања
Редовната физичка активност, вклучувајќи ја тука и кратката прошетка после оброк, го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Нормално ниво на шеќер во крвта
Движењето после оброците помага во одржување на нормално ниво на шеќер во крвта, спречувајќи прекумерни скокови и намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Пoттикнување на здраво слабеење
Дури и кратка прошетка може да придонесе за губење или за одржување на тежината, помагајќи да се согорат калориите.

Подобро спиење
Прошетката по вечерата го регулира деноноќниот ритам, го подобрува циклусот сон-будење и ја ублажува непријатноста во стомакот, придонесувајќи за мирен сон.

Иако се препорачува пешачење после јадење, важно е да се избегнуваат непотребни активности како што се трчање или интензивно вежбање за да се избегнат дигестивни проблеми. Со оглед на бројните придобивки, оваа едноставна навика може да придонесе за одржување на здравјето.