Најлесниот рецепт за леб од овесни снегулки! Одличен ако сте на диета, без брашно, без масло и без кулинарско искуство

Фото: Pexels
3.812

Најубавата варијанта за оние што сакаат да ослабнат, а не сакаат да се откажат од леб. Може да го направи буквално секој!

Ова е наједноставниот рецепт за здрава варијанта на леб. Нема брашно, нема масло, ниту пак ви треба искуство за да го направите. Вкусен е па не само што ќе ви биде одлична замена за класичниот леб, туку понекогаш можете да го искористите и како десерт.

Сѐ што треба да направите е да ги измешате овесните снегулки со кисело млеко или павлака, две јајца и сол и уште неколку состојки по ваш избор и да го испечете.

Овој леб е одлична алтернатива и за оние кои се алергични на глутен, но и за оние кои сакаат да ослабнат.

Состојки за леб од овес (1 рецепт):
3 шолји овесни снегулки
2 јајца
1 лажичка сол
1,5 шолја павлака или кисело млеко (ако сте на диета нека бидат без маснотии)
1 шолја сечкани ореви

1 лажица семки од сончоглед

1 лажица семки од тиква или други семиња по вкус
1 лажица прашок за пециво
Калап за леб (30Х11 цм)

Сусам за поросување

Сите состојки се мешаат и се пече во загреана рерна на 180°C 35 минути.

Состојки за леб од овес (2 рецепт):
2 јајца
150 г павлака
половина лажичка сол
275-280 г овесни снегулки сменелени во блендер
1 лажица прашок за пециво.
Додадете јатки и семиња по вкус. На пример, мешавина од семки од сончоглед, семки од тиква, сусам, ленено семе.
Се пече во загреана рерна на 180C 25 минути.

Начинот на приготвување можете да го погледнете ТУКА.