Напиток од 4 состојки кој го подига нивото на магнезиум во организмот

Фото: Pexels
230

Направете сами здрав напиток кој брзо го подига нивото на магнезиум во телото. Ви требаат само 4 состојки

Се будите со чукање на срцето и отежнато дишење, а не е реткост и да ве фати грч во мускулите?

Дали често имате лошо варење и сте нерасположени, па дури и депресивни?

Дали страдате од замор и слабост, но сепак спиете лошо?

Сите овие се знаци кои може да укажуваат на недостаток на магнезиум, еден од најважните минерали одговорен за повеќе од 300 ензимски процеси и хемиски реакции во нашето тело.

На секој орган во нашето тело му е потребен магнезиум, кој помага во регулацијата на калиумот, калциумот, бакарот и цинкот.

Овој минерал, меѓу другото, влијае на нивото на енергија, како и на нивото на шеќер во крвта и на здравјето на коските.

Тој е клучен за оптимална работа на мускулите, како и за здравјето на нервниот систем, па затоа е исклучително важно да се води сметка за неговото присуство во доволни количини.

Препорачаната дневна доза на овој минерал за жените е 320 мгg на ден, трудниците треба да внесуваат повеќе, а кај мажите оваа бројка се искачува до 400 мг.

Напиток од 4 состојки богат со магнезиум

Добрата вест е што можете да си подготвите свеж пијалак кој веднаш ќе го подигне нивото на магнезиум во вашето тело.

Содржи четири клучни состојки – портокал, семки од лен, семки од тиква и бадемово млеко (можете да го направите сами).

Благодарение на овој пијалак ќе исчезнат непријатните симптоми како што се грчеви и тахикардии, ќе се чувствувате енергично, а значително ќеви се подобри и расположението.

Богатство на хранливи материи во една чаша

Покрај тоа што се богати со витамин Ц, портокалите можат да се пофалат и со многу калиум и магнезиум.

Една шолја свежо исцеден сок од портокал содржи 27 мг магнезиум.

Лененото семе е богато со растворливи и нерастворливи влакна, магнезиум, железо, бакар, фосфор, тиамин, омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини.

Бадемовото млеко е одличен извор не само на магнезиум (30 г бадеми содржат околу 75 мг магнезиум), туку и на ниацин, витамин Е и здрави мононезаситени масти.

Бидејќи 30 г семки од тиква содржат 75 мг магнезиум, овие здрави грицки треба да бидат вклучени во вашето дневно мени.

Освен со магнезиум, тие можат да се пофалат и со калиум, железо, витамини од Б-комплексот и омега-3 масни киселини.

Рецепт: Напиток богат со магнезиум

Состојки:

1 портокал
2 супени лажици ленено семе, свежо мелено
200 мл бадемово млеко
25 гр семки од тиква

Приготвување:

Во блендер ставете лен и семки од тиква и еден исечкан портокал и прелијте ги со бадемово млеко. Мешајте до 30 секунди, па оставете да отстои неколку минути.

Конзумирајте го овој здрав напиток наутро за да си ја обезбедите потребната енергија и да го подигнете вашето расположение.

Бадемовото млеко можете сами да го направите.

За 2 чаши од ова растително млеко, ќе ви требаат околу половина чаша (65 г) бадеми.

Потопете ги бадемите во вода преку ноќ.

Следниот ден процедете ги и ставете ги во блендер, додадете 2 шолји вода и мешајте додека не добиете малку кремаста текстура.

Потоа процедете го пијалокот низ густа газа.

Како дополнително да го зголемите внесот на магнезиум

За трајно да го решите проблемот со недостаток на магнезиум во организмот, задолжително зголемете го внесот на храна богата со магнезиум.

Таа вклучува цели зрна и мешунки, авокадо, банани, лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семки, темно чоколадо, артичоки, тиква, цвекло, киноа, спанаќ, домати, суви урми, сливи и суво грозје.