Не ги фрлајте веднаш: овие намирници може да се јадат и по истекот на рокот

Фото: Pexels
195

Можеби лесно се одлучувате да фрлите храна, но имајте предвид дека сè уште можете да користите многу намирници и после датумите на истекување на рокот или датумите „најдобро да се употреби до“ кои всушност не се строго правило.

Ако сте како повеќето од нас, веројатно имате неколку пакувања со тестенини во оставата на кои одамна им поминал рокот.

Излегува дека сè уште можете да користите многу намирници бидејќи датумите на истекување на рокот или датумите „најдобро да се употреби до“ всушност не се строго правило.

Клучно е да знаете кои намирници се најдобри, како да препознаете дали се уште добри и како правилно да ги чувате за да ги сочувате и откако ќе им истече рокот, пишува Love To Know.

1. Конзервиран зеленчук и супи

Конзервираното овошје и зеленчук може да траат многу години (многу подолго од наведените датуми) доколку се чуваат во оптимални услови и ако конзервата не е оштетена.

2. Суви тестенини, ориз и грав

Тестенините, оризот и другата сува храна се добри најмалку две години, така што нема потреба да се грижите. Тие имаат долг рок на траење по датумот „најдобро да се употреби до“.

3. Конзервирана туна

Доколку во шкафот најдете лименка туна со поминат рок, не ја фрлајте веднаш.

Конзервираната риба е добра најмалку 18 месеци.

4. Зачини и билки

Датумот испечатен на садот со цимет не е рок на траење на храната.

Ова е обично датумот кога зачинот бил спакуван или понекогаш датумот „најдобро да се употреби до“.

Во секој случај, зачините и билките можат да останат добри многу подолго.

5. Кујнска сол

Дури и да има датум на пакувањето со сол, тој нема да истече.

Солта за јадење е добра на неодредено време ако не се отвори.

Ако е отворена, може да влезе влага и да предизвика згрутчување.

Сепак, запомнете дека солта се користи за зачувување на нештата, така што буквално го имате цело време на светот да ја искористите таа кутија сол во плакарот.

6. Мед

Како и солта, медот има долга историја како конзерванс и навистина нема рок.

Може да забележите дека неговата конзистентност се менува со текот на времето и станува цврста, но можете да го загреете во микробранова печка неколку секунди за повторно да стане течен. Секој датум испечатен на медот не е вистински датум на истекување на рокот.