Швеѓаните почнаа да одгледуваат храна во супермаркетите

Фото: Инстаграм/Swegreen
176

Вертикалните фарми во супермаркетите, освен што го намалуваат јаглеродниот отпечаток, се одлично решение за иднината на производството на храна, каде свежите производи ќе бидат достапни во реално време и ќе може да се купат директно од полиците.

Како одговор на различни предизвици, како што се ограниченото земјоделско земјиште за одгледување храна, шведскиот старт-ап SweGreen разви систем на вертикални фарми за одржливо и еколошко одгледување овошје и зеленчук и тоа – во супермаркетите.

Платформата за одгледување на една вертикална фарма е еквивалентна на производство на три хектари традиционално земјиште, а растенијата овде се одгледуваат без почва, користејќи вода и специјални чепови од камена волна.

Покрај тоа, клиентите во супермаркетите можат да го набљудуваат процесот на одгледување и берба на свежите производи, а потоа и да ги купат истите.

Помалку CO2 и подобар вкус на производот

Системот на SweGreen дозволува одгледување на повеќе од 100 видови култури, вклучувајќи зелена салата, магдонос, копар и нане, а моментално тестираат и одгледување на растенија како што се јагодите.

Покрај тоа, тие почнале да одгледуваат и микробилки, кои стануваат се попопуларни.

За вертикалните фарми

Првите вертикални фарми веќе се имплементирани во некои супермаркети во Шведска и Германија, а овој начин на одгледување овошје и зеленчук има бројни предности.

Покрај намалувањето на емисиите на CO2 поврзани со транспортот, се продолжува рокот на траење на производите, а се подобрува и нивниот вкус.

Во зависност од големината на супермаркетот, клиентите на SweGreen можат да избираат помеѓу неколку системи – има и такви кои опфаќаат 45 метри со производство до 300 култури дневно, но и помали од 12 метри кои можат да произведат до 116 култури дневно.

Вертикалните фарми во супермаркетите, освен што го намалуваат јаглеродниот отпечаток, се одлично решение за иднината на производството на храна, каде свежите производи ќе бидат достапни во реално време и ќе може да се купат директно од полиците.