Немате време да подготвувате здрав оброк за на работа? Ние ви подготвивме 5 брзи „оброци“ за секој ден

Фото: Pexels
703

Во сите состојки може да додадете микс од семиња, цимет или јаткасти плодови по ваша желба.Овие здрави оброци се полни со хранливи материи што може да бидат вашиот нов здрав појадок.

Сакате брз и здрав доручек, но немате време да приготвувате пред работа? Ние ви подготвивме 5 видови на смути за секој ден. Нивната подготовка нема да ви одземе повеќе од 10 минути а ќе имате здрав појадок за на работа.

  1. Јагода и банана

Потребни сосотојки:

– 1 банана

– 200мл млеко (може и млеко од соја или ориз)

– 5-6 свежи или замрзнати јагоди

– 1 лажица путер од кикиритки

– половина чаша варен овес (замена за тоа може и овесни снегулки)

– цимет (по желба)

– мал грст коцки мраз

Сите состојки измешајте ги во блендер и ќе добиете кремава мазна смеса. Појадокот е готов.

2.Сникерс смути

Потребни состојки:

– 1 банана

– 1 лажица какао

– 1 лажица путер од кикирики

– 200мл млеко

– 3 лажици варен овес (замена за тоа може и овесни снегулки)

– 4-5 бадеми ( замена за тоа може да ставите лешници или ореви)

Сите состојки ставете ги во блендер и избленидрајте. Чоколадното задоволство е готово.

3. Ананас, банана и малина

Потребни состојки:

– 1 банана

– 3 кругови ананас (исецкан на парчиња)

– 200мл млеко

– мал грст коцки мраз

– 1 чаша смрзнати малини

-3 лажици варен овес (замена за тоа може и овесни снегулки)

Сите состојки ставете ги во блендер и избленидрајте. Освежувачки напиток кој мора да го пробате.

4. Смути од боровинки и банана

Потребни состојки:

– 1 банана

-1 чаша боровинки

– 200 мл млеко

– 1 лажица путер од кикирики

– 3 лажици варен овес (замена за тоа може и овесни снегулки)

– мал грст коцки мраз

Сите состојки ставете ги во блендер и избленидрајте. Виолетовиот напиток е спремен.

5. „Зелено“ смути

Потребни состојки:

– 1 банана

– 1 чаша спанаќ

– 1 зелена јаболка

– 200мл млеко

– 1 лажичка мед

– 3 лажици варен овес (замена за тоа може и овесни снегулки)

– мал грст коцки мраз

– микс од семиња по желба

Сите состојки ставете ги во блендер и избленидрајте.  Уживајте во зелениот вкус на здрави состојки.

Во сите состојки може да додадете микс од семиња, цимет или јаткасти плодови по ваша желба.

Пет здрави оброци кои се полни со хранливи материи што може да бидат вашиот брз појадок за на работа.