Сувата кора од калинка ги решава стомачните проблеми додека да трепнете!

3.053

Не ja фрлајте кората од калинка, исушете ја и чувајте ја во вашата мала домашна аптека. Ако не сте знаеле, станува збор за одличен природен лек кој ќе ви помогне при сите стомачни инфекции и цревни нарушувања. Помага при дизентерија, дијареа и разни стомачни вируси, како и при воспаление на слепо црево, салмонелоза, чир на желудникот и дисбактериоза на цревата…

Во декември 1999 година, рускиот весник „Руски вјесник“ ја објави статијата „Заборавениот Хипократ и лекување со билки“ од рускиот билкар Г. И. Глубок, каде што е напишан рецепт за патентиран лек за дизентерија, дијареа, колера, воспаление на слепо црево (без операција!) , салмонелоза – со одвар од сува кора од калинка за 5 часа.

На патентирањето на лекот (во 1996 година) му претходеше задолжителна проверка во медицинска установа и неговата способност да ги инхибира патогените бактерии „ин витро“.

Кора од калинка и рецепт за одвар

Сувата кора од калинка оди во сооднос 1:20 со врела вода. Во шолја или чаша ставете 10-12 грама сува кора од калинка и прелијте ја со 200 милилитри врела вода, покријте ја, оставете ја да отстои 25-30 минути, потоа може да се пие.

Многу е важно да се знае дека подготовката на одвар од сува кора од калинка е иста за сите споменати болести, додека примената за секоја болест е различна…

За третман на: дизентерија, дијареа, салмонелоза, тифус, колера, акутен апендицитис (воспаление на слепото црево), одварот се консумира на следниов начин:

Откако ќе отстои 25-30 минути, треба да се испие половина чаша од одварот. Не го процедувајте и покријте го повторно. Ако по 10 минути почувствувате олеснување и се чувствувате подобро, тоа значи дека е обична дијареа и нејзиното лекување е завршено!

Можете слободно да излезете од дома, бидејќи повеќе нема да имате дијареа (или запек). Ако по 10-15 минути не сте почувствувале подобрување, тоа значи дека болеста е потешка и треба да останете дома и по 3 часа да ја испиете преостанатата половина чаша од течноста. Процесот на лекување продолжува во следните 3 часа, а заздравувањето се случува само по неколку часа од почетокот на лекувањето.

За третман на чир на желудникот, чир на тенкото црево, колитис (воспаление на дебелото црево), цревна дисбактериоза, консумирајте одвар од сува кора од калинка на следниов начин:

Откако ќе отстои 25-30 минути, почнете да ја пиете течноста и во текот на денот испијте половина (90-100 мл) од течноста на 4 пати, во приближно еднакви делови и приближно еднакви временски интервали, по 20-25 милилитри. Почнете да пиете наутро на празен стомак, по будењето и последната четврта доза, пред спиење. Течноста не треба да ја пиете секој ден, туку секој втор ден. 1, 3, 5, 7 дена – пијте, 2, 4, 6 дена – не пијте. Тоа е доволно за комплетно лекување.

Кората од калинка може да излечи чир на желудникот
Доколку сакате да го продолжите лекувањето, поради безбедно заздравување на чир на желудникот, тоа можете да го направите по пауза од 7 дена по првиот третман на лекување.

Додека трае еден од споменатите методи на лекување, лушпата не се цеди. Исто така, за време на третманот со одвар од сува кора од калинка, не смее да се консумира алкохол.

Суштината на третманот се состои во тоа што во целиот гастроинтестинален тракт постојано се уништуваат сите патогени бактерии (остануваат здравите), а нивната локација е успешно населена со здрави, неопходни за човекот.

Хипократ знаел за уникатните својства на сувата кора од калинка пред 2.500 години. Успешно ја користел лушпата за лекување на дизентерија. Позитивна реакција се појавувала само по 5 часа од лекувањето. Покрај тоа, тој ја користел оваа лушпа за лекување на рани од нож. На раната ставал чисти памучни ткаенини натопени во оваа течност и ја одржувал постојано влажна додека не зараснела раната.

Како да се исуши кората од калинка
Процесот на сушење не е комплициран, исто како што сушите други билки за подоцнежна употреба, истото направете го и со кората. Оставете ја кората на некоја површина, на поткровје во засенчен дел. Кога ќе се исуши доволно, соберете ја и издробете ја за да ја собере во подготвените тегли. Така, кората ќе остане употреблива долго време.

Совет плус

Никогаш не фрлајте семки од калинка. Исушете ги и измелете ги во блендер, а прашокот зачувајте го во тегла. Додадете една лажичка од овој прав во јогуртот и ќе имате исклучително здрав оброк. Покрај тоа, прашокот можете да го додадете во јадења со месо. Така јадењето малку ќе се згусне и ќе го омекне месото.