Нитро кафе: Дали ладното кафе надополнето со азот е подобро од регуларното или е само минлив тренд?

Фото: nitrobrew.com
73

Нитро кафето е надополнето со азот, слично на другите пијалaци, како што се газирана вода или сода, што го менува чувството во устата и му дава пенеста текстура. Се служи на точење, исто како ладно пиво, а азотот дава и такво чувство, како да пиете пијалак за возрасни. Сè повеќе баристи во светот се свртуваат кон нитро трендот и го служат на точење, токму како ладно пиво

Во последно време многу се зборува за нитро кафето. Овој ладен напиток е прифатливо попладневно уживање со пена, како онаа на пивото. Само што, наместо алкохол, нитро кафето содржи кофеин и тоа повеќе од традиционалното кафе.

Освен што содржи повеќе кофеин од традиционалната шолја кафе, нитро кафето ја има истата хранлива вредност, а помалку шеќер.

Кога нитро кафето стана хит и зошто е посебно?

Нитро кафето е ладно приготвено кафе кое се става во буренце, а потоа му се додава азотен гас. Се служи на точење, исто како ладно пиво, а азотот дава и такво чувство, како да пиете пијалак за возрасни. Сè повеќе баристи во светот се свртуваат кон нитро трендот.

Голем бонус за потрошувачите е тоа што нитро кафето не содржи шеќер, млеко или алкохол, а има околу 30% повеќе кофеин на литар, од обичното кафе, иако некои компании тврдат дека оваа концентрација е уште поголема. Нитро кафето сега е достапно и во шишиња и во лименки, па можете да уживате во него и дома и во канцеларија.

Дали нитро кафето е поздраво од традиционалното кафе?

Можеби ќе се почувствувате како да пиете домашно пиво, но сепак ќе ги добиете сите придобивки од кафето. За оние кои можат да се справат со дополнителен удар на кофеин, нитро кафето може да стане нивниот нов омилен пијалак.

Еве ги најчестите предности на нитро кафето:

  1. Висока содржина на антиоксиданти – дали знаевте дека кафето е пијалак број 1 по ефекти против стареење? Кафето е прехранбен производ, или пијалак, со најголема содржина на антиоксиданти бидејќи една шолја кафе содржи огромни количини на антиоксиданти кои се борат против токсините и го штитат телото од влијанието на слободните радикали. Истражувањето објавено во American Journal of Agricultural and Food Chemistry сугерира дека кафето содржи повеќе антиоксиданти од какаото, зелениот, црниот и билниот чај.

Одредени антиоксиданти кои се наоѓаат во кафето, како што се кафестолот и кавеолот, исто така имаат ефекти кои помагаат да се контролира холестеролот. Внесувањето кафе е поврзано и со намален ризик од срцев и мозочен удар.

  1. Ги подобрува менталните и физичките перформанси – Кафето ја подобрува будноста и ги подобрува менталните и физичките перформанси. А, дали знаевте дека шолја нитро кафе после вежбање може да го зголеми трошењето на енергија после активност (т.н. afterburn ефект).

Ова значи дека продолжувате да согорувате калории после вежбање бидејќи вашето тело користи енергија за да се опорави, да се олади и да се справи со напливот на хормони што се случи за време на вежбањето. Ако обична шолја кафе може да го има овој ефект, замислете ја разликата кога ќе додадете уште 30% кофеин од нитро кафето.

Кафето исто така го зголемува протокот на крв во мозокот, а со тоа ги поддржува когнитивните функции. Центарот за истражување за влијанието на исхраната врз стареењето на Универзитетот Тафтс открил дека биоактивните соединенија на кафето ги намалуваат моторните и когнитивните дефицити кај постарите стаорци. Стаорците кои примале додатоци на кафе имале подобри резултати на психомоторните тестови и на задачите за кои е потребна меморија.

  1. Не му треба шеќер — Нитро кафето се служи без млеко и шеќер, а и не му треба. Богатиот и кремаст вкус е резултат на додавањето на азот, па затоа нема потреба од додавање шеќер. Всушност, нитро кафето може да ве спаси од консумирање непотребни калории, особено ако сакате благо, слатко кафе. Две лажици млеко во прав и две кесички шеќер имаат околу 70 калории, а ако пиете повеќе од едно кафе дневно, тие калории се собираат… сепак, љубителите на нитро кафето тврдат дека не им требаат засладувачи. Велат дека нитро кафето е вкусно такво какво што е, па дури и дека има малку вкус како млечно чоколадо.
  2. Пониска киселост – Нитро кафињата најчесто се прават од добро печени зрна кои даваат побогато кафе со пополн вкус и помала киселост. Традиционално, варењето кафе во топла вода може да ја зголеми киселоста во текот на процесот, додека ладното приготвување ја ублажува количината на киселина. Зголемената киселост на традиционално подготвеното кафе може да предизвика киселини и други стомачни болки.