Одлични совети против пеколните горештини: Полесно е со вентилатор, салата со моцарела и лимонада

Фото: Pexels
691

Погрешно е да се пие ладна вода или сокови полни со мраз за време на жештините бидејќи тогаш на течноста ѝ треба повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира. Подобар избор се водата и природните сокови на собна температура

Пијте редовно негазирана вода и нискокалорични пијалаци без кофеин, алкохол и шеќер за да не ви предизвикаат поголема дехидрација.

Можете да се освежите со топење на две коцки мраз во устата.

Избегнувајте дехидрација со пиење разреден сок како лимонада, возрасните на секои 1 до 2 часа, а децата на секои 15 до 20 минути, 1 до 2 лажици или голтка вода.

Не чекајте чувство на жед за да го зголемите внесот на течности, особено кај постарите луѓе кои имаат послабо чувство за жед, советуваат експертите.

Имајте на ум дека не е во ред да пиете ладна вода или сокови полни со мраз за време на топлото време бидејќи тогаш на течноста ѝ треба повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира. Подобар избор се водата и природните сокови на собна температура.

Оладете го домот колку што можете повеќе

Затворете ги сите прозорци и врати, спуштете ги ролетните и навлечете дебели завеси.

Кога ќе се стемни, отворете се и направете промаја.

Во исто време, вклучете ги сите вентилатори што ги имате, бидејќи тие дополнително ќе поттикнат влез на посвеж воздух во домот и излез на топлиот воздух.

Обидете се да го разладите просторот во кој живеете. Идеално би било температурата во просторијата да се одржува под 32°C во текот на денот и 24°C во текот на ноќта.

Ова е особено важно за децата, лицата над 60 години или лицата со хронични здравствени проблеми, е препораката на експертите.

Топ совети како да ги преживеете пеколните горештини

Претворете го вентилаторот во „клима“

Доколку немате клима уред во вашиот дом, искористете неколку корисни трикови.

Ставете широк, плиток сад пред вентилаторот и наполнете го со коцки мраз.

Како што вентилаторот дува на мразот, низ просторијата ќе се шири постуден воздух.

Ова ќе продолжи додека мразот не се стопи, а потоа само ставете друг.

Постои и друг начин – со шише замрзната вода.

Наместо коцки мраз, ставете пластични шишиња наполнети со вода и замрзнати пред вентилаторот.

Овој метод е уште подобар бидејќи се работи за големи парчиња мраз кои побавно ќе се топат од коцките.

Јадете лесна храна

Почесто јадете помали и потечни оброци.

Избегнувајте храна премногу богата со протеини. Доколку сте во можност, подгответе мешано свежо овошје, т.н ’смути’ или направете лесна супа, за да ги вратите изгубените минерали, витамини и електролити во организмот.
Избегнувајте големи оброци богати со јаглени хидрати, бидејќи тие можат да ја зголемат метаболичката топлина (нуспроизвод на метаболизмот на нашето тело) а со тоа и топлината на телото.

Што и да јадете, направете го лесно, не многу мрсно и поделете го оброкот на неколку помали.

Ова ќе му олесни на вашиот дигестивен систем да го обработи сето тоа. Салатите се најдобриот избор кога надвор е толку топло, лесно се вари и го снабдуваат телото со хранливи материи.

Салата со моцарела

Пример за добар оброк за горештините – салата со моцарела:

Во сад ставете малку зелена салата исечкана на ленти, а потоа додадете сечкан домат, половина краставица, неколку маслинки и половина моцарела исечкана на коцки.

Зачинете со маслиново масло, сок од лимон и сол.

Наместо сирење, можете да ставите варено јајце или малку туна во салатата и да додадете повеќе зеленчук што го сакате, на пример, малку кромид или пиперки.

Лесните супи од зеленчук се исто така добар избор.

Пијте многу течности

Што се однесува до пијалаците, веќе знаете дека е подобро да не претерувате со кафето и алкохолот, а најдобро е да пиете малку вода на собна температура во текот на денот.

Имено, кога водата не е ладна, таа побрзо се апсорбира и го хидрира телото, а пиењето обезбедува вашето тело правилно да ја користи целата таа течност.

Напиток од лубеница

Состојки: (шолја од 2,4 дцл):

2 шолји исечена лубеница

сок и кора од половина лимета

20 листови босилек или 2 големи гранчиња

малку хималајска сол

4 чаши вода.

Постапка: Сите состојки ставете ги во тегла во слоеви, почнувајќи од лубеницата, а потоа наполнете ја со вода. Оставете да отстои во фрижидер 3 до 24 часа пред да го послужите. По мешањето и процедувањето, овој фин напиток може да се чува два дена во фрижидер.

И лимонадата е добар избор

Можете да ја направите така што, покрај класичните состојки – вода, сок од лимон и шеќер, да додадете и малку исечена краставица и неколку листови свежо нане.

Лимонадите од краставица и нане даваат неверојатно добар и освежителен вкус.

Исто така, пиењето топол чај во лето е добра идеја, но само кога воздухот е сув, а не влажен.

Чајот ќе го стимулира потењето, а со тоа ќе го разлади телото.

Направете освежителен сладолед

Сладолед до овошен јогурт

Овој сладолед не може да биде поедноставен за правење, а децата го сакаат.

Земете овошен јогурт и истурете го во пластични калапи за подготовка на сладолед на стапче. Оставете преку ноќ во замрзнувач и сладоледот е готов за лижење.

Сладолед од овошен сок

Подготовката на овој сладолед исто така не може да биде побрза и поедноставна.

Истурете кој било овошен сок во калапите и замрзнете.

Ќе добиете освежителен десерт совршен за овие топли летни денови.

Внимавајте како се облекувате

За момент заборавете на костуми и вратоврски и слични алишта и посегнете по нешто поудобно, воздушесто и лелеаво.

Носете отворени чевли – на овој начин целото тело подобро ќе се олади.

Кога одите надвор мора да носите капа на главата, а не е лошо чадорот привремено да го претворите во чадор за сонце, важно е да се чувствувате попријатно.

Секогаш имајте со себе шише вода, а ако сакате да се оладите, завиткајте ја главата со влажна марама.

Носете лесна, широка облека со светла боја изработена од природни материјал

Ладете се што повеќе во текот на денот

Доколку имате балкон или двор, наполнете го базенот со вода за најмалите и ставете ги во дебела сенка.

Исто така, оставете ги што почесто да се полеваат со вода – тоа е забавно за децата, а притоа барем малку ќе ги разлади.
Можете да ја наполните кофата со ладна вода и да ги ставите стапалата внатре.

Влажните крпи или марами кои ќе ги ставите на главата, рамениците или каде и да сакате ќе ви помогнат да го разладите телото.

Исто така, добро е да наполните шишињата со систем за прскање, со вода и да прскате мали капки овде-онде по лицето и телото.

Оладете се пред спиење

Пред сè, воздржете се од големи оброци пред спиење, јадете нешто лесно како јогурт или банана. Исто така, доколку сакате да се оладите и да спиете подобро, наполнете ја кадата со постудена вода пред спиење и легнете во неа 10 до 15 минути.

Ќе почувствувате како кожата ви трне од студената вода и колку ви е полесно.

После тоа, ќе се чувствувате поудобно со часови, вашата кожа ќе биде поладна, нема да ве чеша (како што е од потта) и нема да се потите – многу полесно ќе заспиете и ќе спиете подобро.

Ако немате када дома, застанете под туш.

Исто така, добра идеја е да ја изладите постелнината во фрижидер, на пример, навлаките за перници и чаршафите со кои се покривате. И тоа ќе ви даде малку олеснување за некое време.

Исклучете ги дополнителните извори на топлина

Сијалиците зрачат топлина, затоа не ги вклучувајте освен ако навистина морате.

Така е и со компјутерите и другите електронски уреди.

Исто така, јадете свежа, лесна храна за која не е потребно готвење или печење.

Добро изладете го автомобилот

Седењето во пеколно врел автомобил може да биде исклучително опасно по вашето здравје.

Колку и да брзате, имајте на ум дека нема да стигнете никаде ако срцето ви попушти од жештината, затоа успорете, добро изладете го возилото и дури потоа влезете во него.

Еве што треба да направите: спуштете го прозорецот од совозачката страна и затворете ја вратата. Отворете ја и затворете ја возачката врата како да мавтате со лепеза и тоа е тоа.

Овој трик ќе ви помогне многу брзо да го разладите автомобилот кој е паркиран на сонце, барем до температура која е поднослива.

Оние кои го пробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени.

Дополнително, во текот на летото е добро да ставите некаков памучен материјал (стара маица, чаршаф…) на седиштата.

На овој начин ќе ви биде поудобно да седите во автомобил, чувството на топлина ќе биде помало.

Не заборавајте дека и на милениците им е многу жешко!

Често менувајте им ја водата на животните бидејќи брзо се загрева, а ако имате куче или мачка, понудете им ладен јогурт во текот на денот.

Ако имате градина или балкон, подгответе мал базен за вашето куче (може да користите и стара кадичка за деца).

Ако живеете во стан и немате двор со длабока сенка, натопете стар пешкир и ставете го некаде на плочките (во кујната или бањата) – тоа ќе биде место каде што ќе може да лежи.

Исечкајте парче лубеница, измешајте со јогурт, ставете во калапи и замрзнете. Ќе добиете сладолед што го сакаат кучињата. И никогаш, никогаш не оставајте ги децата и миленичињата во автомобил во лето, дури ни на пет минути.