Овие напитоци докажано помагаат во намалување на крвниот притисок, доволна е само една чаша дневно

Фото: Pexels
297

„Иако овие пијалаци не можат да се класифицираат како третман сами за себе – освен можеби во случаи на многу благо покачен крвен притисок – тие се многу корисен додаток на препишаните антихипертензиви/лекови за намалување на крвниот притисок и би требало да се сметаат како дел од холистички третман на пациент со висок крвен притисок“, вели кардиологот Ник Вест.

Ако имате висок крвен притисок, овие пијалаци можат да бидат двојно корисни – и да уживате во нивниот вкус и да ви помогнат во снижување на крвниот притисок.

Еден од начините на кои луѓето често го нарушуваат своето здравје не е само она што го јадат, туку и она што го пијат.

Затоа, од клучно значење е да изберете што е најдобро за вашето здравје, а веројатно е полесно отколку што мислите да пиете пијалаци за намалување на крвниот притисок, пренесува Healthy.

„Иако овие пијалаци не можат да се класифицираат како третман сами за себе – освен можеби во случаи на многу благо покачен крвен притисок – тие се многу корисен додаток на препишаните антихипертензиви/лекови за намалување на крвниот притисок и би требало да се сметаат како дел од холистички третман на пациент со висок крвен притисок“, вели кардиологот Ник Вест.

Обезмастено млеко

Чаша млеко дневно може да помогне во намалување на високиот крвен притисок. „Добро е познато дека млекото со малку маснотии или обезмастеното млеко е збогатено со витамин Д, витамин кој поттикнува здрав крвен притисок“, вели нутриционистката Кимберли Снодграс.

Чај од хибискус

„Чајот од хибискус содржи антоцијани, група на длабоко црвени, виолетови и сини пигменти кои се наоѓаат во билките и други антиоксиданти или соединенија кои ја инхибираат оксидацијата, хемиска реакција која може да произведе слободни радикали“, вели Снодграс. „Некои истражувачи открија дека антоцијаните и другите антиоксиданти можат да им помогнат на крвните жили да се спротивстават на оштетувањето што може да предизвика нивно стеснување.

Сок од калинка

Се покажа дека сокот од калинка го подобрува систолниот крвен притисок, кој го мери притисокот во нашите артерии кога срцето чука. Вест вели дека содржи антиоксиданти и е богат со витамини, особено со витамин Ц.

Сок од цвекло

„Цвеклото е богато со диетални нитрати, соединение за кое се знае дека има ефект на намалување на крвниот притисок“, вели Снодграс. Вест додава дека цвеклото е богато со нитрати, а сокот од сировото цвекло го намалува крвниот притисок и содржи витамини, минерали и антиоксиданти. Неговата ефикасност е поддржана од клиничко испитување кое покажува подобрувања на крвниот притисок.

Сок од домати

Докажано е дека сокот од домати го подобрува систолниот и дијастолниот крвен притисок. Вест советува да посегнете по несолената верзија на сокот, за кој во клиничките студии се покажало дека го намалува крвниот притисок и холестеролот, а содржи витамин Ц и антиоксиданти.

Сок од зрнесто овошје

Бобинките се полни со антиоксиданти, одлични за забавување на стареењето. „Откриено е дека консумирањето бобинки го намалува и систолниот крвен притисок. Можете да додадете бобинки во овесна каша или како ужина за да внесете повеќе антиоксиданти во вашата исхрана“, забележува Снодграс.

Ако купувате сок од бобинки, домати, цвекло или калинка за здравје на срцето, треба да одберете свеж или непреработен сок. Конзервираните сокови обично имаат додаден шеќер и висок процент на натриум, што може да има спротивен ефект.