Овие три намирници се поздрави откако ќе ги зготвите

Фото: Pexels
212

Зеленчукот и овошјето понекогаш ги ослободуваат своите здрави компоненти само откако ќе ги приготвиме на одреден начин

Зеленчукот и овошјето понекогаш ги ослободуваат своите здрави компоненти само откако ќе ги приготвиме на одреден начин. Во продолжение прочитајте за кои намирници станува збор и кој е најдобриот начин да се приготви, за да го извлечете максимумот од здравите компоненти и секако од вкусот.

Домати
Доматите содржат хемиска компонента наречена ликопен, која се смета за антиоксидант. Готвењето домати со маслиново масло 15-30 минути ја зголемува достапноста на ликопен, па нутриционистите препорачуваат да подготвите сос од домати за тестенини, риба или пилешко.

Ликопенот е соединение кое припаѓа на семејството на каротеноиди, одговорно за црвената боја на различни овошја и зеленчуци. Освен на доматите, црвена боја им дава и на лубениците, гуавите и црвениот грејпфрут.

Најголем дел од ликопенот што се внесува во исхраната доаѓа од доматите и производите од домати
Зошто ни е важен ликопенот? Станува збор за соединение растворливо во масти кое обезбедува голем број позитивни здравствени ефекти.

Причината зошто варените домати се поздрави е тоа што ликопенот е растворлив во масти. Ако консумираме домати во свежа форма без масло, нема да можеме да го искористиме ликопенот во нашиот организам. Комбинацијата од домати и маслиново масло е толку ефикасна и здрава што може да се смета дури и за лек.

Интересно е што кечапот содржи 9,9 – 13,44 мг ликопен/100 г, а свежите домати 0,88 – 7,74 мг ликопен/100 г.

Во 2000 година, на Универзитетот во Северна Каролина била спроведена студија за ликопен. Потврдено е дека ликопенот полесно се апсорбира во нашиот организам ако доматот се конзумира топол или ако има маснотии во оброкот. Поголеми концентрации на ликопен се забележани кај луѓето после вакви оброци.

Неколку студии ја испитуваа спојот помеѓу внесот на антиоксиданти во исхраната и липидната пероксидација. Собраните податоци помогнале да се открие кои антиоксиданти го намалуваат развојот на кардиоваскуларни заболувања.

Истата функција е откриена за ликопенот и за бета каротенот. Имено, тие се транспортираат во нашето тело преку ЛДЛ холестеролот. Ова ги става во позиција да го заштитат ЛДЛ холестеролот од оксидација, што има штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем.

Спроведено е истражување на пушачи кои четири недели биле на исхрана богата со антиоксиданти од сок од домати.

Резултатите покажале значително намалување на процесите на оксидација на ЛДЛ холестеролот.
Во една статија објавена во 2009 година во научното списание Annual Review of Food Science and Technology, биле прикажани поновите истражувања поврзани со својствата на ликопенот.

Се верува дека приближно 50% од случаите на рак во САД се резултат на лоша исхрана. Истражувањата покажале врска помеѓу ликопенот и превенцијата од рак на простата.

Покрај кардиоваскуларните заболувања и ракот на простата, редовното внесување на ликопен може да помогне и кај:

изгореници после сончање
гингивитис
остеопороза
ментални нарушувања
астма.

Моркови
Готвењето моркови звучи малку непотребно бидејќи овој зеленчук е одличен и сиров. Сепак, готвењето во топла вода ослободува антиоксиданти, благодарение на кои се зачувани повеќе бета-каротин и витамин Ц.

Бета каротинот помага во заштитата на организмот од слободните радикали, а во организмот се претвора во витамин А и затоа е исклучително важен неговиот правилен внес.

Познато е дека бета каротинот има антиоксидантни, антиканцерогени и антиинфламаторни својства. Истражувањето спроведено во 2020 година во Медицинскиот институт Веил Корнел во Катар го докажал ефектот на морковот врз спречувањето на тумори на дебелото црево кај стаорци.
Се споменуваат и позитивни ефекти кај туморите на желудникот. Статистичките податоци покажуваат дека луѓето кои често консумираат моркови имаат помали шанси да заболат од тумори на желудникот.

Во научното списание Biochim Biophys Acta Mol Cell Biol Lipids. во јануари 2020 година, била објавена статија во која била елаборирана врската помеѓу редовното внесување на каротеноиди и заболувањето на црниот дроб кај луѓето.
Авторите на статијата наведуваат дека одредени дози на ликопен и бета каротен можат да го зголемат антиоксидативниот статус на црниот дроб и на тој начин да го заштитат од разни болести. Истовремено, тие ја нагласуваат важноста од понатамошни истражувања за да се открие точната доза што треба да се конзумира.

Намирници од семејството зелки
Зелка, карфиол, брокула и кељ се најпознатите зеленчуци од семејството Brassica. Нивната популарност во исхраната на луѓето расте се повеќе и повеќе поради докажаните здравствени ефекти.

Во студија спроведена во 2019 година во Националниот центар за наука во Полска, се споредувал зеленчукот од семејството Brassica во сирова и варена форма.

Првата анализа била направена на зеленчук во замрзната состојба затоа што сакале да добијат податоци за испарливи компоненти. Анализата по готвењето покажала намалување на концентрацијата на испарливи компоненти, но најголеми промени се случиле во групата на соединенија изоцијанати.

По готвењето на зеленчукот, имало изненадувачки пораст на изоцијанати во повеќето анализирани зеленчуци. Докажано е дека изоцијанатите имаат антиканцерогени својства во истражувањата спроведени на луѓе и животински модели.

Истражувањата докажале дека кељот, зелката, брокулата и карфиолот се намирници кои заедно со морковите и доматите се поздрави во варена отколку во сирова форма.