Посни сармички од винова лоза

Фото: Pexels
87

Има ли нешто поубаво од оние мали зелени сармички кои можете да ги јадете полнети со мелено месо, но ако не прашувате нас, уште повкусни се кога се посни

Состојки:

околу 40 листови од винова лоза
1 шолја ориз
1 морков
3 главици кромид
Масло
1 компир
50 гр соја снегулки
50 гр семки од сончоглед
сол, пипер, црвен пипер
малку брашно за запршка (по желба)

Приготвување:

Попарете ги листовите ов винова лоза со топла вода и оставете ги во сад да омекнат. Во меѓувреме сварете го оризот. Загрејте го маслото во тава и пропржете го исечканиот кромид, додадете ги црвениот пипер и варениот ориз, а потоа и изренданите морков и компир, попарени снегулки од соја и мелени семки од сончоглед. Зачинете по желба. Добро измешајте, полнете ги листовите и виткајте ги во сармички.

Во садот во кој ќе се варат ставете масло, одоздола ставете неколку листови, па наредете ги сармичките, покријте ги одозгора со преостанатите листови од винова лоза, малку притиснете со капак, истурете вода да се покријат и варете на тивок оган. На крајот, по желба направете запршка со малку брашно пропржено на масло.