Што ќе ви се случи ако три месеци пиете сок од боровинки? Експертите докажаа подобрување на работата на мозокот, но тоа не е сѐ

Фото: Pexels
270

Покрај зачувувањето на когнитивните функции на мозокот и слабеењето, редовното консумирање боровинки или сок е добро и од неколку други причини.

Боровинките се богати со хранливи материи и носат бројни здравствени придобивки.

Богати се со антиоксиданти, како што се антоцијани, витамин Ц, витамин Е и флавоноиди. Антиоксидантите помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали во телото и можат да играат заштитна улога против оксидативниот стрес кој може да придонесе за развој на болести.

Антиоксидантите во боровинките може да помогнат во одржувањето на здравјето на срцето. Некои истражувања сугерираат дека редовното консумирање боровинки може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања, да се регулира крвниот притисок и да се подобри протокот на крв.

Фитохемикалиите присутни во боровинките може да имаат позитивен ефект врз здравјето на мозокот. Истражувањата покажаа дека редовното консумирање боровинки може да ги подобри когнитивните функции, како што се меморијата и концентрацијата и да го намали ризикот од невродегенеративни болести.

Исто така, антиоксидантите и фитохемикалиите во боровинките имаат антиинфламаторни својства, така што тие можат да бидат корисни за луѓето кои страдаат од воспалителни состојби како артритис.

Покрај сето тоа, боровницата е растение кое содржи малку калории, па затоа им се препорачува на луѓето кои планираат да ослабат.

Когнитивни функции
Според една студија на Универзитетот во Ексетер, Англија, пиењето само 30 мл свежо исцеден сок од боровинки дневно може да ја подобри функцијата на мозокот кај постарите луѓе.

Истражувањето е спроведено на здрави луѓе на возраст меѓу 65 и 77 години. Резултатите покажале дека, откако секој ден пиеле свеж сок од боровинки, нивните когнитивни функции и протокот на крв во мозокот се подобриле, а нивниот мозок реагирал побрзо во одредени ситуации благодарение на новата навика.

„Ако пиете сок од боровинки секој ден во текот на 12 недели, активноста на мозокот ќе се подобри. „Јадењето боровинки ќе ви даде енергија и ќе ја подобри когнитивната функција на здрав начин“, велат експертите.

Дополнителни придобивки
Покрај зачувувањето на когнитивните функции на мозокот и слабеењето, редовното консумирање боровинки или сок е добро и од следниве причини.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Боровинките имаат најголема количина на антиоксиданти и му помагаат на имунолошкиот систем со неутрализирање на слободните радикали кои влегуваат во телото преку пестициди или чад.

Помагаат при дијабетес

Боровинките имаат низок гликемиски индекс, па позитивно делуваат на регулација на шеќерот во крвта, особено кај луѓето кои веќе боледуваат од дијабетес. Пет порции боровинки секој ден може да доведат до значително подобрување.

Помош за уринарниот тракт

Боровинките, како и брусницата, содржат компонента која му помага на ѕидот на мочниот меур да се бори против бактериите и инфекциите на уринарниот тракт.

Напомена:

Сокот од боровинки најдобро е да се конзумира умерено како дел од урамнотежена исхрана. Купениот може да содржи додаден шеќер, па затоа е важно да ја проверите декларацијата на производот при купувањето за да бидете свесни за содржината. Исто така, добро е да се знае дека свежите или замрзнатите боровинки имаат поголема концентрација на хранливи материи од сокот.