Содата не ги отстранува пестицидите! Експерт открива како треба да се мијат овошјето и зеленчукот

Фото: Unsplash
946

Сода бикарбоната не ги отстранува пестицидите од овошјето, влијае само на промената на pH вредноста. Тоа е приказна што некој ја објавил и воопшто не ја проверил, објаснува директорот на српскиот Институт за општа и физичка хемија.

Миењето на овошјето и зеленчукот пред јадење е неопходно за да се отстранат нечистотиите, пестицидите и бактериите кои можат да бидат штетни за нашето здравје. И додека некои само ги плакнат со вода, други решаваат темелно да ги измијат, најчесто со помош на сода бикарбона.

Прашањето е дали е тоа навистина потребно и како влијае на нашите омилени намирници.

Директорот на српскиот Институт за општа и физичка хемија, д-р Стеван Благојевиќ, во ТВ емисија на српската ТВ Прва, објаснил дали е сето тоа неопходно за да се заштитиме.

„Тоа е еден начин кој така се пропагира, но не е потребен. Доволно е да се измијат јагодите во вода, како и другите овошја. Сода бикарбоната ја менува pH вредноста, веројатно малку ќе ја смени бојата и вкусот“, објаснува д-р Благојевиќ. На прашањето дали е можно да се отстранат пестицидите од овошјето со сода бикарбона, докторот рекол:

„Не. Сода бикарбоната влијае само на промената на pH вредноста, не влијае претерано на растворливоста, ниту ги отстранува мастите. Тоа е приказна што некој ја објавил и воопшто не ја проверил“, објаснува директорот на Институтот за општа и физичка хемија.

Како што истакнува докторот, повеќето овошја и зеленчуци во некои циклуси се прскаат со мали концентрации на пестициди – вклучувајќи ги јаболката, јагодите, кромидот, доматите… Тој додава дека сѐ што изгледа убаво на око, спанаќ или млад кромид, содржи пестициди. Кога станува збор за храната која најмногу се прска, д-р Благојевиќ истакнува дека тоа се јаболката.

„Ако се измијат добро, се отстрануваат пестицидите. Доволно е да ја измиете храната со млака вода 10-15 минути“, посоветувал д-р Благојевиќ.

Текстот е од ТУКА.