Тиквичките се она вистинското, особено за мажите

Фото: Pexels
222

Во плодот од тиквичките има многу хранливи материи па би требало почесто да ги имаме на менито, но поголем број од нив се наоѓаат во нивната кора, па не е пожелно да се лупат.

Во ботаничка смисла, тиквичките се сметаат за овошје, но во кујните во дел од светот, како и кај нас, се подготвуваат на начини како и остатокот од градинарските плодови. Во плодот од тиквичките има многу хранливи материи па би требало почесто да ги имаме на менито, но поголем број од нив се наоѓаат во нивната кора, па не е пожелно да се лупат. Еве за што се се добри тиквичките:

Тие се чувари на простатата
Тиквичката можеме да ја наречеме и вистинска машка намирница. Манганот во тиквичките поволно делува на зголемување на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемената простата која на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексуалните односи.

Го поттикнуваат варењето

Во стотина грама тиквички има 1 грам прехранбени влакна заради што овој летен зеленчук им се препорачува на оние кои страдаат од опстипација. Не само што заситува, туку и го поттикнува варењето и ги чисти цревата од токсини.

Помагаат при слабеење

Тиквичките се диетална намирница затоа што повеќе од 90 отсто од плодот е вода. Затоа не е чудно што во 100 грама има само 16 калории. Најдобро е лесно да се пропржат на малку здрави маснотии.

Го снижуваат притисокот

Тиквичките с еодличен извор на витамини Б и Ц кои ја регулираат работата на срцето и го намалуваат крвниот притисок и спречуваат разни болести на циркулаторниот систем. Имајте на ум дека повеќето од нутриентите се во кората па не ги лупете.

Го забрзуваат зацелувањето на рани

Тиквичките имаат и значителни количини на манган, кој е клучен за производство на аминокуселината пролин која го поттикнува создавањето на колаген кој ја прави кожата поздрава, но и го забрзува процесот на зацелување на рани.