Сос од батернат тиква за најкремасти тестенини

Фото: Pexels
198

Подолу ви пренесуваме рецепти за подготовка на две варијанти од сосот од батернат тиква со кои можете да направите вкусни тестенини.

Батернат (мускатната) тиква содржи многу витамини и минерали.

Благодарение на нејзиниот сладок вкус, може да се користи и во солени и во слатки јадења, како супа, рижото, кари, киш или мафини.

Подолу ви пренесуваме рецепти за подготовка на две варијанти од сосот од батернат тиква со кои можете да направите вкусни тестенини.

Сосот од батернат тиква е идеален додаток на јадењата полни со топли есенски вкусови. Подготовката на овој сос е едноставна, а можете да го користите на различни начини.

Употреба:
Сосот од батернат тиква може да се користи на неколку начини. Овој сос одлично оди со тестенини или со њоки, а можете да го користите и за подготовка на лазањи.

Доколку сакате да подготвите лазања со сос од батернат тиква, предлагаме да ставите сос од батернат тиква во еден слој и смесата од спанаќ и рикота за вториот слој.

Повторувајте ги слоевите додека не направите 3-4 реда, а на крајот прелијте ги лазањите со бешамел.

Рецепт за сос од батернат тиква:
Овој сос се подготвува во тава и е готов за околу 20 минути.

Додека се подготвува сосот, сварете ги тестенините и ќе ручате за помалку од половина час!

Доколку немате време да стоите над тавата, состојките можете да ги испечете и во рерна.

Состојки:
1/2 помала батернат тиква
2 супени лажици маслиново масло
1 кромид
2 чешниња лук
сол и бибер по вкус
1 чаша супа од зеленчук или повеќе по потреба
2 супени лажици кисела павлака или грчки јогурт.

Подготовка:


Излупете ја тиквата и исечете ја на мали коцки.

Колку се помали коцките, толку побрзо ќе биде готов сосот.
Загрејте маслиново масло во тава.
Додадете сечкан кромид и тиквата и пржете на тивок оган додека не омекне кромидот, околу 10 минути.
Кон крајот на пржењето додадете сечкан лук.
Во тавата додадете ја супата од зеленчук и сè заедно варете додека тиквата целосно не омекне.
Измешајте го сосот со сол, бибер и павлака или грчки јогурт.
Ако го правите овој сос за тестенини, зачувајте малку од водата од готвењето на тестенините за да можете да го разредите сосот по потреба и подобро да се спои со тестенините.

Рецепт за сос од батернат тиква и печен лук
Овој вегански рецепт за сос од тиква изобилува со вкусови на печена тиква и сладок, печен лук. Ако сакате, можете да додадете малку лута црвена пиперка во сосот, за да има пикантна нота.

Состојки:
1/2 помала батернат тиква
1 главица лук
маслиново масло
сол и бибер по вкус
супа од зеленчук или растително млеко по потреба.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 °C.
Излупете ја тиквата и исечете ја на коцки, па зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер.
Главицата лук оставете ја цела, но отсечете го горниот дел од главицата така што ќе се видат чешнињата лук. Прелијте го горниот дел од главицата со маслиново масло и ставете го наопаку на хартијата за печење (така за исечениот дел да биде на хартијата.
Печете ги тиквата и лукот околу 30 минути.
Исцедете го печениот лук од лушпата и ставете го во блендер заедно со печената тиква.
Додадете (за почеток) половина шолја супа од зеленчук или растително млеко и измешајте го сосот додека не ја добиете саканата конзистентност на сосот.
Доколку сакате овој сос да има покомплексен вкус, испржете две супени лажици сечкана свежа жалфија и рузмарин на (вегански) путер.

Кога путерот ќе добие златно-кафеава боја, додадете го сосот од тиквички и сè заедно накусо проварете.