Вегетаријански полнети пиперки

929

Ако не јадете месо воопшто или пак не ви се јаде периодов, не значи дека не треба да го искористите најубавиот период за да си наполните неколку вкусни црвени пиперки

Состојки:

Пиперки, толку колку што ви требаат

ориз

300 г свежи шампињони

300 г ориз

1 кромид

сол, црн пипер

300 мл сос од домати

Приготвување:

Пропржете го кромидот, па додадете ги сечканите шампињони и на крајот додадете го оризот и зачинете. Оставете ја смесата малку да се олади, па наполнете ги пиперките и наредете ги во тепсија.

Прелијте ги со сос од домати и малку вода и ставете ги да се печат околу 1 час.