Леб од интегрално брашно и темно пиво

Фото: Freepik
156

Имаме лесен и брз рецепт кој воодушевува со својата крцкавост и богат вкус. Иако се прави долго, во него нема многу работа. Сè ќе одработи времето потребно за нараснување на тестото


Ви пренесувамe интересен, а пред се, лесен и брз рецепт за леб. Брз во однос на работата околу него, сè друго го одработуваат времето и чекањето. Во лебот оди значителна количина темно пиво, а тоа во финалниот вкус многу добро се чувствува. Можете да користите и светло пиво, а вкусот на самиот леб ќе варира во зависност од пивото.

Но секако станува збор за многу интересна, по малку горчлива аромати и богат вкус, а за дополнително крцкање додадете сечкани ореви, сусам и овес.

Лебот, ако добро го чувате, останува свеж и мек неколку дена, а може и да се замрзне.

Состојки:
500 гр интегрално брашно
400 мл темно пиво
50 мл маслиново масло
2 лажички сув квасец
1 рака сечкани ореви
2 супени лажици овесни снегулки
2 супени лажици сусам (мешавина од црн и бел)
прстофат сол
1 лажица маслиново масло за премачкување.

Приготвување:
Сувиот квасец измешајте го со пивото, а солта со брашното, семките, овесните снегулки и оревите. Можете да оставите дел од оревите и семките за последното поросување, но не мора.
Додадете ги сувите состојки на влажните и прелијте со маслиновото масло. Сè убаво измешајте и месете околу 10 минути.
Формирајте топка, покријте ја и оставете ја на топло место околу 40 минути да нарасне.
После тоа, повторно измесете и повторно формирајте топка, покријте ја и оставете ја повторно да нарасне 40 минути.
Потоа обликувајте го лебот, намачкајте го со маслиново масло и поросете со семки, ореви или со што сакате. Покријте и оставете го да отстои околу 60 минути.
Печете околу 30 минути на 200 °C.
Кога ќе го извадите од рерна, малку попрскајте го со вода и оставете го да се излади.