Здрави колачи: Кекси со наут и црно чоколадо

Фото: Пинтерест
325

Овие здрави кекси се прават брзо, а оваа количина од рецептот е доволна за 4-5 „разбрани“ луѓе. Ако сте од оние другите, веднаш правете двојна доза, ама сигурно знаете дека сѐ што не е умерено, веќе не е ни толку здраво.

Наутот е богат извор на хранливи материи. Содржи многу протеини и има низок гликемиски индекс. Со темното чоколадо прави совршена комбинација за кекси кои се најдобри кога се јадат топли.

Овие здрави кекси се прават брзо, а оваа количина од рецептот е доволна за 4-5 „разбрани“ луѓе. Ако сте од оние другите, веднаш правете двојна доза, ама сигурно знаете дека сѐ што не е умерено, веќе не е ни толку здраво.

Состојки:

240 г варен наут

160 г путер од кикиритки или бадеми на собна температура

80 г мед

1 лажичка прашок за пециво

малку сол (ако немате солен путер од кикиритки)

30 г исечкано темно чоколадо

Приготвување:

Сите состојки, освен чоколадото, ставете ги во блендер и мешајте додека не се изедначи.

Кога ќе добиете изедначена смеса, додадете ги парчињата чоколада.

Направете топчиња со влажни раце и наредете ги врз хартија за печење.

Се печат на 180 степени 10 минути (додека не поруменат и не добијат кора).

Оставете ги малку да се изладат ама не мора сосема бидејќи се највкусни кога се уште топли.