Здраво и вкусно: Овие топчиња со урми се вистинска енергетска бомба

Фото: Freepik
373

Уживајте во овие здрави, хранливи и вкусни енергетски топчиња кои ќе ви ја дадат потребната енергија!


Овие неодоливи енергетски топчиња, слатки и лепливи од сочните урми, се совршено решение за брзо зајакнување за време на планинарење, спортски активности или како здрава ужина во движење.

Овие топчиња се вистинска енергетска бомба која сите ќе ја обожаваат, а може да ја правите во различни варијанти и со различни додатоци.

Состојки:

¾ шолја сечкани урми
½ чаша ситни овесни снегулки
¼ чаша природен путер од кикиритки или некој друг путер од јаткасти плодови по ваш вкус
чиа семе за украсување или некоја друга варијанта, како на пример, какао, мелени фстаци, мелени ореви, црно чоколадо, сусам.

Приготвување:

Сечканите урми потопете ги во помал сад со топла вода и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути за да омекнат. Потоа добро исцедете ги.

Ставете ги натопените урми, овесот и природниот путер од кикиритки во повеќенаменски процесор. Обработете ги состојките додека не добиете мазна и компактна смеса.

Направете 12 топчиња, секое со големина на мала лажица. Доколку сакате дополнително да го збогатите изгледот и хранливата вредност, валкајте ги топчињата во чиа семе или некоја друга од наброените состојки.

Ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 15 минути да се стегнат. Можете да ги чувате во фрижидер до 1 недела.