Дали е здраво да се јаде никнат лук?

Фото: Unsplash
271

Една студија покажува дека никнатиот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданти. ‘Рти поради старост, но исто како и кромидот и поради неправилно чување и голема количина на влага.

Лукот се смета за природен антибиотик и заштитник на имунитетот, а има и цела низа благотворни ефекти врз организмот. Но, што да се прави со него ако никне, дали треба да се фрли или е безбеден за јадење?

Додека никнатиот компир укажува на поголемо количество на соланин, штетно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и кое е присутно во зголемена концентрација во зелениот или никнат компир, лукот сепак се разликува.

Токсичните никулци во компирот можат да предизвикаат дигестивни проблеми или главоболки, па не се препорачува да се јаде, но со лукот нема страв. Една студија дури покажува дека никнатиот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданти. ‘Рти поради старост, но исто како и кромидот, поради неправилно чување и голема количина на влага. Доколку забележите дека станал мек и има силен остар мирис, сепак подобро би било да го фрлите, бидејќи веќе почнал да скапува.

Главиците што ги купуваме во продавниците често поминуваат многу време во магацините или на полиците пред да ги однесеме дома. Добрата вест е дека овие никулци се безбедни за јадење, но можат да имаат горчлив вкус. Горчливата арома нема да биде толку изразена во варени или печени јадења, но ако ги јадете сирови, може да биде непријатна.

Ако навистина не сакате да ги јадете, никулците можете и да ги засадите за да добиете нови свежи главици. За да не никне, чувајте го лукот на темно и ладно место со добра циркулација на воздухот.