Домашен леб со леќа наместо брашно: Без месење на тестото, само изматете и испечете (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб/Принтскрин
6.825

Овој необичен домашен леб без брашно е многу поздрава варијанта од обичниот леб бидејќи нема ниту трошка брашно. Се прави со црвена леќа

Повеќе не мора да трошите многу време за подготовка на домашен леб. Направете го овој рецепт без брашно, квасец и без месење, за само неколку минути. Наместо брашно користете црвена леќа. Дефинитивно е поздраво, но и многу вкусно.

Состојки:

350 г црвена леќа
1 прстофат сол
60 мл масло (ова ќе го направи лебот мек)
130 мл вода
1 лажичка прашок за пециво
мешавина од семиња

Приготвување:

Потопете ја леќата во вода преку ноќ. Процедете ги и измијте ги зрната. Ставете ја во сецко или во блендер, додадете сол, масло, вода, прашок за пециво. Матете додека смесата не стане мазна. Калапот за леб обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и поросете со потпечени семки. Печете на 180 степени околу 20-25 минути.