Изедете една рака ореви и очекувајте промени за само 4 часа

211

Еден професор по исхрана на Универзитетот во Пенсилванија рекол дека со консумирање само една шака ореви или масло од орев, можеме да го намалиме ризикот од срцеви заболувања за само 4 дена.


Неодамнешните истражувања потврдија дека ќе се заштитите од срцеви заболувања доколку јадете по една рака ореви дневно.

Научниците исто така откриле дека секојдневното консумирање ореви може да ги победи кардиоваскуларните болести, а видливо е и големо подобрување и на нивото на холестерол и на еластичноста на крвните садови. По само 4 часа, маслото од орев ќе го подобри протокот на крв во вашето тело.

Еден професор по исхрана на Универзитетот во Пенсилванија рекол дека со консумирање само една шака ореви или масло од орев, можеме да го намалиме ризикот од срцеви заболувања за само 4 дена.

Ова е прва студија која покажува колку јаткастите плодови се добри за целокупното здравје.

Оревите се најздрави од јаткастите плодови и треба почесто да се јадат поради здравствени причини, објавија претходно американските научници. Имено, сите јаткасти плодови се здрави бидејќи имаат одлична хранлива вредност, богати се со незаситени масни киселини, минерали и витамини, но оревите се уште поздрави од, на пример, бадемите, лешниците или ф’стаците.

Затоа треба да се има предвид дека редовното консумирање јаткасти плодови во умерени количини го намалува ризикот од срцеви заболувања, некои форми на рак, дијабетес и други здравствени проблеми.