Кафето не е лошо, освен кога е замена за појадокот

Фото: Unsplash
142

Нутриционистката Лиза Московиц објаснува дека кафето не е нездраво, но дека постојат повеќе навики за пиење кафе кои воопшто не се добри за човековото здравје и водат кон побрзо стареење.

Мирисот на кафе наутро за многумина е првата „обврска” штом ќе ги отворат очите. Според последното истражување на Националната асоцијација за кафе во САД, дури 62 отсто од Американците пијат некој вид кафе секој ден.

Нутриционистката Лиза Московиц објаснува дека кафето не е нездраво, но дека постојат повеќе навики за пиење кафе кои воопшто не се добри за човековото здравје и водат кон побрзо стареење.

Првата од нив е – кафе наместо појадок. Познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот, па неговото заменување со кафе не може да биде добро за здравјето.

„Прескокнувањето на појадокот може да доведе до помалку хранлива исхрана која, подобро кажано, е во спротивност со здравото стареење. Според различни истражувања, прескокнувањето на појадокот и пиење кафе наместо тоа може да доведе до сериозни здравствени компликации”, предупредува Московиц во „Eat This, not That”.

Наместо кафе како „прв оброк”, таа предлага појадок со свежо овошје, житарки и јаткасти плодови.

Кафе со многу млеко и шеќер, исто така, треба да се избегнува. Умерени количини шеќер во исхраната се во ред, но ако се претерува секогаш со кафето, тоа не е добро, според експертката.

„Имено, како што стареете, може да забележите силно зголемување на шеќерот во крвта, воспаленијата, а еден научен труд покажа дека поголемите количини на додаден шеќер предизвикуваат слабост кај постарите лица. Кога консумирате премногу шеќер, нивото на колаген во кожата може да се намали, што со текот на времето придонесува за намалена еластичност и појава на брчки“, вели Московиц.

Таа додава дека премногу кафе никогаш не чини. Препорачува дека најдобро е да се пие наутро, „па дури и ако кофеинот не ве држи будни навечер, тоа не значи дека треба да пиете кафе навечер”.

Лоша навика е и – кафе наместо вода.  Редовното пиење вода е навика која многумина често ја забораваат, а преголеми количини кафе го дехидрираат организмот.