Правилото од пет секунди: Мит или вистина?

Фото: Pexels
147

Следниот пат кога ќе испуштите парче храна на земја и само ќе ја дувнете прашината и потенцијалните бактерии, можеби би требало да размислите што ставате во уста. Иако правилото од пет секунди „ви дава дозвола“ да ја изедете храната откако ќе падне на земја и ќе остане долу помалку од пет секунди, всушност станува збор за мит, пишува Lifesavvy.

Експертот за храна Пол Досон во разговор со една од најуспешните жени во светот, Марта Стјуарт, ѝ рекол дека храната што ќе падне на подот секогаш ќе собере некакви бактерии, а количината на бактерии ќе зависи од тоа колку е чист подот, а не од тоа колку долго стоела храната на подот. На пример, влажното парче овошје е поподложно на собирање на бактерии отколку сувата храна.

Ако изедете храна која паднала на подот, тоа нема нужно да ви наштети. Се зависи од површината (и видовите на микроорганизми на таа површина) како и од здравјето на лицето кое јаде храна од подот. Според Healthline, храната која била во контакт со подот може да предизвика одредени болести.

Здравствените компликации вклучуваат труење со храна, салмонела, норовирус и стафилококна инфекција. Значи, ако често ви паѓа храна од рацете, најдоброто нешто што можете да го направите е да ги одржувате подовите чисти или да зготвите малку повеќе во случај да ви падне еден дел.