Кои се најопасните адитиви во храната и кои се нивните „шифри“?

Фото: Unsplash
465

Кои се најопасните прехранбени адитиви со кои се среќаваме секојдневно, а ги има на декларациите на прехранбените производи.

Ако внимавате на декларациите на прехранбените производи, тогаш сигурно сте забележале дека содржат адитиви. Поточно, шифри како E 252, E 171 и многу други. Луѓето често се прашуваат дали декларациите се навистина точни и како да препознаат дали храната е здрава или штетна.

Српската докторка, молекуларен микробиолог, д-р Мирјана Рајилиќ Стојановиќ предупредува дека на оваа тема се шират различни претпоставки и теории, како и дека е важно луѓето да бидат информирани за адитивите кои се наоѓаат во храната.

„Мојот впечаток е дека има многу манипулации. Тоа секако ги плаши луѓето, но би требало да имаме експерти кои се трудат храната на полиците да биде безбедна. Кога зборуваме за тоа колку е здрава, секако дека најздрава храна е онаа на која нема декларација. Ако купите зеленчук, месо, подгответе го, тоа ќе биде здрав оброк. „Она што го нуди прехранбената индустрија треба да биде безбедно и здраво, но неопходно е да пред сѐ, да биде безбедно“, вели докторката.

 

Д-р Мирјана ја објаснила и функцијата на засилувачите на вкус.

„Тие имаат функција само нешто да ни се допадне. Учевме дека постојат четири вкусови: слатко, кисело, солено и горчливо, но никогаш не ми беше јасно зошто нема „жешко“. Сепак, петтиот вкус е умами. Ова го открил јапонски научник, кој изолирал една компонента од морските алги и видел дека додавајќи ја во некоја храна, го создава тој убав вкус. „Не би требало да е нездраво, самиот факт што  потекнува од морски алги значи дека не е штетно“, истакнала таа.

Списокот на адитиви е голем, но оние на кои треба да им се обрне посебно внимание се:

 

Е 252 калиум нитрат

Е 251 натриум нитрат

Е 250 натриум нитрит

Е 249 калиум нитрит

 

„Адитивите не се директно канцерогени, но овие четири се проблематични. Тие со нивната хемиска структура не се проблематични, бидејќи, да речеме, растителната храна, како што е спанаќот, е богата со нитрати. Меѓутоа, кога тие се користат за зачувување на месни производи, она што е проблематично и кое Европската управа за безбедност на храна сè уште соодветно го нема земено предвид е дека постои мислење на Светската здравствена организација дека месните производи кои се конзервирани со нитрати или нитрити, се канцерогени од прв ред, особено за рак на дебелото црево. Значи, со сигурност може да се каже дека предизвикуваат рак“, открива д-р Мирјана.

 

Како да ги препознаете?

Докторката истакнала дека храната која има интензивна црвена боја дефинитивно содржи канцерогени адитиви, а потоа открива кое е решението.

„Можат да се најдат во некои сирења, не е важно дали се потврди или помеки. Сè што е интензивно црвено е показател дека ги има. Значи сами по себе не се проблем, туку е проблем затоа што има реакција помеѓу адитивите и протеините кои ги има во месото. Оваа реакција настанува или под дејство на киселина во желудникот или кога пржиме, под дејство на цревните микроорганизми. Мислам дека најголем ефект има на дебелото црево. Секако, децата сакаат паштети, виршли, сувомеснато, но многу често на сите им се советува храната да се комбинира“, открива таа.