Блитвата го подобрува видот и го лечи уринарниот тракт

Фото: Pixabay
58

Карактеристични состојки на блитвата се лутеинот и зеаксантинот, кои популарно се нарекуваат и ‘витамини за очи’

Лутеинот и зеаксантинот се најкарактеристичните состојки на блитвата. Тие спаѓаат во групата на каротеноиди и поволно делуваат на мрежницата на окото спречувајќи макуларна дегенерација, која е онаку поврзана со стареењето. Овие состојки популарно се нарекуваат и ‘витамини за очи’.

Тие ги чуваат и клетките на епителот кој е одговорен за добриот вид. Истовремено, лутеинот ѝ овозможува на кожата заштита од УВ зраци. Инаку, анализите покажале дека лицето содржи најголема концентрација на лутеин во однос на целото тело, затоа што е најмногу изложено на сонце.

Лисјата од блитва се богати со витамини и минерали и се составен дел од пролетните детоксикации, а благотворните чорбички од оваа намирница посебно им се препорачува на луѓето кои страдаат од воспаление на бешиката или бубрезите.

Кусо обарената блитва со исечкан лук има и антибактериско дејство, а ако се додаде уште и магдонос, го поттикнува излачувањето на урината и ја чисти крвта. Листовите можат да се користат и за обложување на рани и чиреви.