Како се прави украински боршч во скривница (ВИДЕО)

373

Дваесетгодишна украинска фотографка, прави ТикТок видеа и документира како нејзиното семејство готви и јаде во засолниште од бомби во Украина. Претходно нејзините видеа биле полни со совети за стилот и видеа од нејзините фотографски патувања.

Украинците се свртеа кон ТикТок за да споделат како изгледа животот во воената зона од 21-от век и слободно може да се каже дека животот им се превртел наопаку поради ненадејната руска инвазија.

Дваесетгодишната фотографка Валерија Шашенок е влијателна на ТикТок каде што е позната како @valerisssh и ја користела апликацијата за да им покаже на своите следбеници како е да се живее во град кој е нападнат од руски ракети.

Таа документирала како нејзиното семејство готви и јаде во засолниште од бомби во Украина.

Едно од видеата е за тоа како нејзината мајка во вакви услови го подготвува традиционалниот ураински боршч.

„Во цвеклото става малку крв од Путин, ситно сечкани компири, потоа зелка и лукче. Јас не правам ништо“, вели Валерија. Нејзините видеа го покажуваат нејзиниот беспрекорен хумор, но и сите аспекти од секојдневниот живот на семејството од инвазијата на Русија, од купување во речиси празни продавници за храна до живеење без струја.

Претходно нејзините видеа биле полни со совети за стилот и видеа од нејзините фотографски патувања, но за помалку од еден месец, таа морала да го остави зад себе стариот живот и да се пресели во засолниште од бомби со нејзините родители, нивното куче и друго семејство во северниот град Чернихив, пренесува Торонто Стар.

Едно од нејзините последни видеа го прикажува нејзиното бекство од Украина и текот на патувањето до Полска.

@valerisssh

It’s the most horrible trip! Thanks Russia

♬ Celebrate the Good Times – Mason